Соопшение за фомирање на комитет за земјоделство и безбедност на храна - 05.01.2018 во 14:30




Владата на Република Македонија донесе одлука да формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна, а со работата на ова тело ќе раководи претседател. Претседател, како што соопштија ќе биде премиерот Зоран Заев.

Овој комитет ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и да дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во овие области.

Покрај Заев, членови на Комитетот по функција се и вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, министерот за финансии Драган Тевдовски, и директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu