СООПШТЕНИЕ - 23.04.2018 во 10:21
<

На ден 20.04.2018 година, во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, директорот на Агенцијата, Николче Бабовски и управителот на „Подгорка“ ДОО Струга, Един Џемајлоски потпишаа Договор за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 во висина од 138.806.570,00 денари. Финансиската поддршка ќе биде искористена за изградба и опремување на објект со ладилник за производство, преработка, расекување и пакување на месо преку мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД II програмата.
Истото претставува најголема инвестиција финансирана преку ИПАРД Програмата, и е доказ за посветеноста на ИПАРД Агенцијата за континуирана поддршка на земјоделството и искористување на средствата од ИПАРД II програмата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu