СООПШТЕНИЕ - 10.05.2018 во 21:08


Преку поедноставување на процедурите за ИПАРД II програмата, до поголема искористеност на европските средства. Ова е пораката на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски на првото Мешународно научно – стручно советување Агро – Наука и пракса. Време е домашното производство да го прилагодиме и приближиме до Европските стандaради, со што ќе покажеме дека Македонија може, знае и умее да го унапреди и зголеми домашното производство на земјоделски култури.
Бизнисмените кои присуствуваа на денешното советување го прашаа директорот Бабовски, кои се плановите, и на кој начин ќе се подобри апсорпцијата и искористеноста на ИПАРД програмата? Бабовски со одговор.
„Сите нотирани недостатоци, и пречки веќе се надминуваат. Вработените и во Агенцијата, но и останатите надлежни институции заеднички ќе работат за да се надминат проблемите , а со тоа и да се искористат што е можно поголем дел од средствата кои земјава ги има на располагање за наредниот период.“ – рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски.

Според него, само на првиот повик од ИПАРД II програмата се пристигнати дури 1648 апликации, од кои најголем дел или 1404 апликации се за Мерката 1, односно за инвестиции во материјални средства во земјоделството. Со ИПАРД II програмата на земјоделците им се ставени на располагање вкупно 80 милиони евра, од кои 60 милиони се европски средства, а останатите 20 милиони евра се од Националното кофинансирање.




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu