СООПШТЕНИЕ - 14.05.2018 во 14:41



Николовски: Создаваме услови за развој на примарното производство на свинско месо и за преработувачката индустрија

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваша на отворањето на новиот преработувачки капацитет на фармата Единство Челопек, кланицата „Мич Челопечко“.
Министерот Николовски посочи дека модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на оваа фарма се докажува дека условите кои ги создава Владата за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат резултати.
“Условите кои ги создаваме за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат видливи резултати. Модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на фармата Единство Челопек, која е една од најголемите производители на свежо свинско и говедско месо, го докажува токму тоа. Ме радува фактот што во оваа рурална општина има вакви инвестиции и активности кои влијаат врз развојот на регионот од повеќе аспекти како отворање на нови работни места, зголемување на капиталот на регионот, подобрени перспективи за младите. Фармата Единство е пример за успех и ги поканувам и охрабрувам да продолжат со инвестирање во иднината на Челопек и општина Брвеница, а ние ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка во секаков аспект “, изјави министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека производството на свежо свинско месо во целост ги задоволува домашните потреби за свежо свинско месо и ја намалува зависноста од увоз на Република Македонија. Трендот на производство континуирано расте, и се очекува дополнително зголемување од 10% за 2018 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку програмите за поддршка во земјоделството, продолжува да вложува во развој на свињарството, зголемување на производството, конкурентноста и прилагодување кон европските регулативи, порача министерот Николовски.

Во оваа насока директната финансиска поддршка за категоријата на сточари со развоен потенцијал, вклучително и за одгледувачите на свињи за 2018 година е зголемена за 10 отсто. Исто така, министерството нуди поддршка од 2.000 денари по грло за гоеници со тежина од над 121 килограм, како и повраток на 50 % од инвестиција за набавка на педигрирани назимки и нерези, што е важно за обнова на стадото, но и за квалитетот на крајниот производ.

Дополнително, европската ИПАРД 2 Програма овозможува 50 отсто поврат од вкупно вложените средства за изградба или реновирање на објекти за одгледување на свињи. Се работи за мерката за инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, која е особено важна за модернизирање на производството, зголемување на конкурентноста и исполнување на европските стандарди.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu