СООПШТЕНИЕ - 22.05.2018 во 14:58




Од утре исплата на субвенции за овошје, градинарски култури и дополнителни субвенции за праски и лубеници



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој, утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети, и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.

Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица. Околу 9,3 милиони денари се за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети за 278 лица и над 1,1 милиони денари за интервентната мерка за лубеници за 26 лица.

Во изминатиот период за субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети се исплатени околу 33,7 милиони денари на 1.471 лице и над 2,4 милиони денари за интервентната мерка за праски на 68 лица. Интервентната мерка за праските Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја донесе на 20-ти јуни минатата години со цел да им се излезе во пресрет на производителите на праски поради ниската откупната цена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu