СООПШТЕНИЕ - 01.06.2018 во 16:07





> Од денеска на располагање се нови средства за поврат на инвестиција за нови овошни и лозови насади како и за набавка на педигрирани високостелни јуници


Од денеска, се до крајот на овој месец, сите земјоделци кои од 1- ви октомври се до 31 – ви декември 2017- та година ги зголемиле стадата, или пак формирале нови, ќе имаат можност да аплицираат за добивање на средствата од „Програмата за рурален развој“, односно Мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“.

Со овие средства, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници( со исклучок на јуници од расата „Буша“). Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи( нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство. Освен поволности за набавка на расни грла добиток, од денеска може да се аплицира и за „Мерката за подигање на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади на ароматични растенија и медоносна флора(фацелија, еводија, и багрем) на нови површини.“


Барањата за искористување на овие поволности, се поднесуваат по електронски пат, односно со помош на компијутер. Или доколку земјоделците немаат услови сами да ја пополнат апликацијата истата може да им ја пополнат вработените во Подрачните единици на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.


„ Условите за добивање на оваа мерка се : минималната посадена површина која треба да ја имаат е 0,2 хектари, како и бројот на садници да е соодветен на културата која ја имаат посадено.

Сите земјоделци кои ќе ја добијат оваа државна помош, имаат обврска бројот на расните грла, како и бројот на садници да ги задржат и во наредните пет години. – рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека Владата веќе подготвува нови измени се со цел поголема искористенос на вкупно расположливите средства наменети за развој на земјоделството.


„Со цел поефикасна искористеност, Владата за следните огласи за оваа мерка ги измени условите, односно прво ќе се објавува огласот, потоа ќе се склучува договорот и по реализација на набавката ќе се изврши исплата. На овој начин се обезбедува поголема сигурност за оние кои што ќе извршат набавка. Дополнително, во насока на создавање на услови за развој на сточарството, се подготвува за објава наменскиот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари, за да обезбедиме поголемо и посигурно производство на добиточна храна, кој што очекуваме да биде објавен следната недела“, изјави министерот Николовски.


Со овие новини, на сите земјоделци им се дава можност за обновување на генетескиот потенцијал на стадото, и зголемено количество на квалитетно млеко. Ќе се модернизират нивните земјоделски стопанства, фармите стануваат попродуктивни, со што Македонија преку унапредување на земјоделството ќе се доближи до европските стандарди.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu