СООПШТЕНИЕ - 01.06.2018 во 16:23




По повод „Светскиот ден на млекото“ директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, се обрати пред наградените фармери рекордери на „Битолската млекарница“. Бабовски ги информираше фармерите дека денеска Платежната агенција го објави повикот за поднесување на барања за исплата на 50 отсто од трошоците за мерката од Програмата за рурален развој за набавка на педигриран добиток од увоз или со потекло од признати организации, за ониe фармери кои го набавиле добитокот до 31.12.2017 година. Бабовски вели дека придонесот на фармерите и на „Битолската млекарница“ се значајни за домашното млекопроизводство како и за продуктите од млеко.




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu