СООПШТЕНИЕ - 28.06.2018 во 16:28




Исплатени се 89 милиони денари за обештетување на земјоделците од временски непогоди


Денеска исплатени се 89 милиони денари за ланските штети од временските непогоди, од нив над 25 милиони денари се легнати на сметките на лозарите од Неготино и Кавадарци. Оваа вест денеска на трибина во Кавадарци, на земјоделците им ја соопштија министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци Тони Делков, како и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов. Министерот Николовски, рече дека трибината со лозарите од Тиквешкиот регион се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, се со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски одржа и со винарските визби.

Министерот Николовски, и директорот на Агенцијата Бабовски, информираа дека денеска и вчера за земјоделците од тиквешкиот регион се исплатени над 25 милиони денари за обештетувањата од временските непогоди што се случија минатата година, односно мразот. А, вкупно и за дел од останатите региони од државата, денеска и вчера по основ на обештетувања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 89 милиони денари. Пред неколку недели се исплатија околу 100 милиони денари по овој основ и за преспанскиот регион. Преостанатите исплати на обештетувањата, ќе се реализираат во текот на следната недела. Министерот потенцираше дека минатата година се исплаќаа заостаните субвенции за лозареството од 2016 година, за 10 отсто со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година се зголемија субвенциите за одржување на лозови насади, односно од 40.000 денари по хектар на 44.000 денари, а поради намалениот род, Владата донесе и дополнителна мерка од 2 денари за килограм грозје предадено во регистрирани винарски визби. Овие субвенции заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се исплатија навреме пред почетокот на новата производствена сезона
„Најголем дел се исплатени во декември 2017 година и во јануари, или вкупно над 745 милиони денари пред новата производствена сезона исплативме за субвенции за одржување на лозови насади и дополнителна поддршка од 2 денари. Оваа година воведовме нови мерки, сите кои имаат помеѓу 1 и 10 хектар ќе добијат 20 отсто повиски субвенции за одржување на лозови насади, и ова е дел од нашите од нашите развојни мерки за лозарството. Николовски рече и дека со дополнителни 12.000 денари по хектар ќе се поддржуват сите лозари кои ќе извршат промена на сортатиментот на насадите, мора да се научиме да го модернизираме земјоделството и да создаваме конкурентни произоди. Зголемен е интересот за мерките од ИПАРД 2 Програмата од страна на винариите и лозарите и тоа се плус пари во земјоделството“, изјави министерот Николовски.




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu