Граѓаните на општина Кисела Вода преку Плакета ја искажаа благодарноста до АФПРРЗ за реализираните проекти преку Програмите кои ги нудат за развој на општините.“ - 29.06.2018 во 15:58



Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска добија Плакета од општина Кисела Вода за успешната соработка како и за поддршката што Агенцијата преку проекти и ја дава на општината Кисела Вода и и помага во нејзиниот развој.
Плакетата за благодарност ја врачи градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, а во име на Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството, ја прими директорот на оваа институција Николче Бабовски. Градоналачникот Темелковски, се заблагодари за успешната соработка и за поддршката што преку реализираните проекти АФПРРЗ ги дала на општината во изминатиот период. Бабовски пак, рече дека Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството и во иднина преку Програмите кои се наменети за Локалните самоуправи ќе продолжи да ја негува соработката и преку различни проекти ќе го унапредува животот на граѓаните во сите општини во земјава. Бабовски упати и апел до сите општини во Македонија:

„ Ги повикувам сите Единици на локалната самоуправа да ги следат огласите кои ги објавуваме преку Програмите, и да аплицираат за добивање на средства, со што ќе овозможат развој на општината, како и поквалитетен живот на граѓаните.- рече Бабовски

Општина Кисела Вода денеска прослави 63 години постоење. Советот на општина Кисела Вода оддржа Свечена седница, а освен Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството беа наградени и останати претпријатија кои несебично ја поддржале оваа локална самоуправа во изминатите години.







 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu