Со едукација на фармерите до поголема искористеност на средства за модерно сточарство - 30.10.2018 во 16:10





“Соврeмена опрема за сточарство и начини за финансирање на истата “ беше темата на едукативното предавање што денеска го организираше Здружението за едукација на земјоделци “Зелена берза” Битола. Како да се стигне до современа опрема за сточарство , како да се стигне до квалитетен семенски материјал за сточна храна, кои грантови постојат , како да се аплицира во новиот ИПАРД, а и кои се другите начини на финансирање, беа прашањата на кои преку презентациите на гостите се добија одговори. Пред стотина присутни сточари и гости во конференциската сала на Синпекс Битола, најпрво се обрати директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој г-дин Никола Бабовски кој ги охрабри сточарите да останат и да се занимаваат со оваа дејност.


„АФПЗРР прави се што е во наша можност да ги поедностави , пред се процедурите на аплицирање по Национална програма или по ИПАРД програма. Во овој период може да се пофалиме со импозантни бројки каде што за ИПАРД програмата, 32 од 937 проекти се однесуваат повеќето за сточарството. На 19 овој месец заврши повикот за Млад земјоделец каде што акцентот беше ставен токму на сточарството односно ги поддржуваме оние млади земјоделци кои сакаат да инвестираат во сточарството без разлика во кој дел е тоа, дали е за краварство, живинарство, свињарство, козарство, овчарство, се со една цел да се зголеми сточниот фонд во Р Македонија но и да им дадеме можност на младите луѓе кои што сакаат да се занимаваат со ова стопанска дејност да останат, за да може нивното производство да биде порентабилно, да бидат поконкурентни на пазарот и да ги стигнуваме оние квалитети на нашите производи, да постигнат квалитет кој е пропишан и се бара во ЕУ. Самите претпристапни договори за членство во ЕУ ние сме обврзани да ги исполниме на едно повисоко ниво на национални стандарди, со приближување на стандардите на ЕУ“, изјави – Никола Бабвоски директор на АФПЗРР.
На денешното предавање освен фармерите, присутни беа и домашни претпријатија кои во изминатите години соработуваат и градат капацитети со фармерите и делуваат во секторот земјоделство. Дел од претпријатија и млекарниците кои откупуваат млеко, им понудија соработка на сточарите се со цел модернизирање и развој на постоечките фарми, но исто така и изградба на нови објекти кои ќе придонесат во зголемување на млекопроизводството и за модернизирање и зголемување на бизнисите на фармерите.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu