СООПШТЕНИЕ - 31.10.2018 во 10:25





Со мерките од Програмата за рурален развој, обезбедуваме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини




Претставници на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводени од директорот Николче Бабовски и заменик директорот Авдул Селам Селами, одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и нејзнините соработници. На состанокот се разговараше за подобрување на соработката на овие две финансиски институции, а беа разгледувани и повеќе прашања кои се од интерес на успешна имплементација на Програмата за Рурален развој, а воедно беа разгледувани и можностите за размена на информаци помеѓу овие две институции.


Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски вели дека Единиците на локалнните самоуправи преку Програмата за рурален развој, се обезбедува поквалитетен живот за граѓаните и тоа преку Мерките:


Парите од Мерката 321, можат да ги користат за поврзување на пат со регионален или локален пат од 5 до 7 км, изградба на водовод и канализација, изградба и обнова на младински културни центри, добиточни пазари и друго.


Преку Мерката 322, средствата може да се искористат за реконструкција, или изградба на селски улици, изработка на Детални урбанистички планови, реконструкција или изградба на плоштади.


Со средствата од Мерката 323, може да се градат патишта за поврзување со објекти од културно, или значање за животот на граѓаните, како и инфраструктурно поврзување со објекти од културното наследство, уредување на излетнички места, и озеленување на површини покрај природни езера или магистрални патишта во Рурални средини. “


Заменик директорот Авдул Селам Селами истакна дека :

„Согласно правилата на Повикот, финансиската поддршка е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат Данокот на додадена вредност. Оние општини кои имаат започнати или веќе завршени проекти од претходни години и повици треба да го имаат подмирено данокот на додадена вредност.“



Директорката на УЈП, Сања Лукареска, истакна дека:

„Со помош на ваквите проекти, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса преку нови проекти повторно ќе се вратат кај граѓаните во форма на подобри услови за живот. “


Со помош на овие средства се обезбедуваат нови капитални инвестиции за општините. Ќе се решат проблемите со патната и комуналната инфраструктура, ќе се подобри квалитетот на животот за граѓаните во руралните средини.




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu