СООПШТЕНИЕ - 08.11.2018 во 12:47




Бабовски: Со неповратни средства од програмата за Рурален развој, општините може да обезбедат поквалитетни услови и за продавачите и за потрошувачите на пазарите



Од денеска до 8- ми декември, сите Единици на локалните самоуправи, јавните претпријатија или оформени јавно – приватни партнерства може да аплицираат за добивање на средства од Програмата за Рурален развој Мерка 123, „Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи,“ односно подмерка 123.3 „Инвестиции во пазарна инфраструктура за постбербени активности“, информираше денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.



„Максималната сума која може да се добие по корисник е 7 милиони денари. Средствата се неповратни, а може да се користат за


1. Набавка на градежни материјали и елементи за конструкција – реконструкција на објекти за прием, подготовка и складирање
2. Опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите
3. Опрема за означување и пакување
4. Услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни и електрификациски работи
5. Изработка на студии, елаборати, планска техничка и градежна документација


Еден корисник може да поднесе најмногу 3 поединечни барања по различни мерки, земајќи ги во предвид сите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 – та година.- истакна Бабовски.



Сите заинтересирани кои ќе сакаат да аплицираат треба до до Агенцијата да достават :


1. Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година ПРР - 123;

2. Основен проект и за градба/реконструкција на инфраструктура од официјален архитект /инженер со овластување Б, издадено од Комора на овластени архитекти и инженери;

3. Ревидирана проектна документација за градба/реконструкција на инфраструктура од официјален архитект /инженер со овластување од Комора на овластени архитекти и инженери

4. Геодетски елабортати, фактури за услуги

5. Согласност и одлука од Советот на општината и од градоначалникот

Директорот Бабовски, истакна дека интересот на општините за искористување на средства од Програмите за Рурален развој, расте. Годинава, преку Националните програми, на општините им беа понудени пет различни мерки за капитални инвестиции.

Со помош на оваа Мерка, и средствата кои се предвидени во неа, овозможуваме општините да реализираат капитални инвестиции, со што ќе ги унапредат пазарите, ќе овозможат квалитетни услови и услуги и за продавачите и за потрошувачите. Преку инструментите и политиките на програмата за Рурален развој, овозможуваме подобрување на квалитетот и условите за живот во сите подрачја во земјава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu