СООПШТЕНИЕ - 25.12.2018 во 09:29




Денеска истекува рокот за поднесување на барања за субвенции за ориз и оризова арпа, за произведени и предадени градинарски или овошни култури како и за органско производство



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува земјоделските производители на ориз и оризова арпа, на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи дека денеска 25- ти декември, истекува рокот за аплицирање за добивање на финансиска поддршка.


Согласно Програмата, пет денари по килограм ќе добијат земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство на оризова арпа од род 2018 година и истиот да го предале на регистрирани откупувачи во период од 1 октомври до 25 декември 2018 година. Услов за добивање на финансиската поддршка е и предадените колични да не недминуваат 5,5 тони по хектар.
Финансиска поддршка од три денари по килограм ќе може да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодинешната реколта во преработувачките капацитети.
До денеска е и рокот за поднесување на барањата за добивање на финансиска поддршка за органските производители за следните намени:


- За преработка на органски производи и органски производи во преод вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло,
- За трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло,
- За стучна контрола и сертификација и
- За анализа на својствата на почва и производи.
Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Заедно со барањата за ориз и оризова арпа, како из а градинарски и овошни култури потребно е апликантите во прилог на барањето да достават потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет. Сите информации и потребни докумнети може да се најдат во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu