СООПШТЕНИЕ - 01.08.2019 во 11:27




Доделивме решенија за реализација на капитални инвестиции во Пелагонискиот регион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски беа во работна посета на Битолскиот регион, каде присуствуваа на доделување на 11 решенија за реализација на капитални проекти, во висина од 101.797.260 денари, преку Програмата за рурален развој.
„За 2019 година преку оваа Програма за рурален развој издвоени се финансиски средства во висина од 38 милиони евра за реализација на вкупно 202 проекти”, рече премиерот Заев, посочувајќи дека со реализацијата на овие проекти за кои денеска беа доделени решенија директно ќе се овозможи подобрување на условите за живот во малите општини и руралните средини.
„Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 милиони 176 илјади и 406 денари, а со овие средства ќе се уредува излетничко место заедно со изградба на водоводен и канализационен систем, инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на села со регионален пат или со населено место-град во должина до 7 километри, како и адаптација на дел од пазар во Битола”, изјави премиерот Заев кој заедно со министерот Димковски и градоначалниците на општините Битола, Новаци, Могила оствари работна средба и разговараше за развојот на локалната самоуправа и за инфраструктурни прашања.“ – истакна премиерот Заев
Премиерот Заев посочи дека во Могила ќе се инвестираат девет милиони 95 илјади 482 денари за реконструкција на локални патишта, како и 30 милиони 107 илјади 706 денари во Пелагониски плански регион за реконструкција и доградба на локални патишта во општините Крушево, Ресен и означување на културните и природни знаменитости во Прилеп и Битола.
Премиерот Заев порача дека Владата останува посветена заедно со општините да работи на зголемување на капиталните инвестиции за да се создадат услови за сите граѓани во секое населено место да почувствуваат промена на квалитетот на животот.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска информираше за трите проекти кои ќе се финансираат од средствата добиени преку Агенцијата за финансиска поддршка.
„Навистина сме задоволни дека добиваме континуирана поддршка од Владата и трите проекти кои ќе се реализираат од средствата добиени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Се работи за уредување на излетничкото место во село Лопатица во вредност од над пет милиони денари, адаптацијата на дел од Градскиот пазар од околу 7 милиони денари и реконструкција на локален пат до селото Маловиште, средствата се 20 милиони денари”, истакна градоначалничката Петровска.
Претставниците на Владата претходно заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски во село Кравари, Битолско ги доделија првите персонализирани платежни картички за набавка на „Еуродизел” гориво за земјоделска механизација, со кои државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.


Премиерот Заев: Доделивме решенија за капитални инвестиции преку програмата за рурален развој





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu