СООПШТЕНИЕ - 20.07.2020 во 11:02




Од денеска продолжуваат ИПАРД инфо деновите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, заедно со Телото за управување со ИПАРД, при министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска, по посебен протокол утврден од Комисијата за заразни болести при министерството за здравство, продолжуваат со реализација на работилниците за ИПАРД 2 програмата. По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворено а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени два пулта на кој ќе се врши дезинфекција и мерење на телесна температура а ќе се делат заштитни маски,брошури и рекламен материјал за посетителите.

На овие работилници, сите заинтересирани лица, може да се информираат за можностите и начинот на кој се аплицира, како и за тоа кој документи им се потребни за да се добијат средства од ИПАРД 2 програмата, поточно за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“.

Денеска, 20 -ти јули, од 10 часот, ИПАРД инфо деновите ќе се одржат во тетовските општини Боговиње и Врапчиште.

Утре 21- ви јули, во 14 часот ќе почне работилницата во Демир Капија, а во 15 часот во Валандово.

Веќе во среда од 11 часот земјоделците од Вранештица ќе може да се информираат за можностите кои ги нуди ИПАРД 2 програмата и Мерка 1. Додека од 15 часот жителите на Пласница ќе имаат можност да се запознаат со можностите кои ги нуди ИПАРД 2 програмата поточно Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ .

23- ти јули, од 11 часот, караванот продолжува во Другово, а веќе од 15 е во Демир Хисар.

Земјоделците од Тиквешкиот регион ќе можат да ги чујат деталите за ИПАРД 2 програмата во петок, 24 – ти јули. Работилницата во Неготино почнува од 11 часот додека во Кавадарци од 14 часот.

Во понеделник, 27- ми јули караванот на ИПАРД инфо деновите од 11 часот ќе биде во Зајас и од 15 часот во Осломеј. Последниот ИПАРД инфо ден ќе се одржи во Конче на 28 – ми јули со почеток од 11 часот.

Преку овој отворен повик, односно со Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ на располагање се 9,2 милиони евра.

Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е финансиска поддршка составена од средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и финансиски средства по поединечно барање кои што се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 1. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 „ Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е 03 август 2020 година.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu