СООПШТЕНИЕ - 02.10.2020 во 09:09




Средствата од програмата ИПАРД2, помош за локалните бизниси

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, денеска заедно со заменик директорот на Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделството и Руралниот Развој. Абдулселам Селами ја посетија компанијата Бако Нутс со седиште во Скопје.

Според првиот вицепремиер компанијата Бако е вистински пример за тоа како треба да се користат средства како што е програмата ИПАРД 2 и како истите средства да се вратат во инвестиција.

Груби исто така рече дека Република Северна Македонија е лидер во регионот во користењето на средствата преку програмата ИПАРД 2 и дека нашите компании веќе се на добар пат да го приближат домашниот земјоделски сектор до европскиот.

Заменик директорот на Агенцијата за Финансиска Поддршка во Земјоделството и Руралниот Развој г.Абдулселам Селами и сопственикот на компанијата Бако, г.Омер Фејзулаи му соопштија на првиот вицепремиер Груби дека преку имплементацијата на инвестициите од програмата ИПАРД 2 им се дава можност на локалните компании да ги модернизираат капацитетите и компаниите кои во овој случај се опремени со современи машини автоматски ги намалуваат трошоците за производство и со тоа стануваат поконкурентни на домашниот и странскиот пазар.

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, исто така, рече дека со реализација на нови инвестиции и зголемувањето на домашното производство, компаниите помагаат да се зголеми бруто домашниот производ, како и економскиот раст на државата а оваа е добредојдено зголемување во овој период на пандемијата КОВИД-19.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu