СООПШТЕНИЕ - 18.12.2020 во 13:14




Со проекти од програмата за рурален развој го развивме руралниот туризам и локалната економија во Кавадарци

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Кавадрци Митко Јанчев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски,раководителот на Вардарски плански регион Игор Андреев како и претставници на здружението „Тиквешки точкаџии“, планинарско друштво „Орле“ и здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, присуствуваа на настанот за свечно пуштање во употреба на нова пешачко велосипедска патека во Општина Кавдарци.

Патеката се протега од село Ваташа до населено место Моклиште и Моклишка воденица,средствата се обезбедени преку Мерката 323 од Програмата за рурален развој. Градоначалникот на Кавадарци Јанчев истака дека општината Кавадрци требаше само да го плати Данокот на додадена вредност.

„Ова е едно поврзување кое претставува многу побезбедно место за пешачење, возење велосипед и рекреација, со оглед на тоа што овој правец кон Моклиште и досега беше доста користен од страна на велосипедистите, но сега имаме патека која е осветлена и безбедна“ изјави градоначалникот Јанчев.
Министерот за земјоделство Хоџа, истакна дека оваа патека ќе можат да ја користат и лица со инвалидност, што претставува унапредување на грижата за слобода на движење на ови граѓани.

„ Убаво е да се види како се развиваат општините и како може со здружени сили и здружени финасиски средства, идеите да се преточат во завршен реализиран проект. Ваквите проекти се од особено значење и ќе влијаат на подобрување на квалиетот на животот на локалното население, кое ќе ги користи придобивките од подобрената инфраструктура“ изјави министерот Хоџа.

Четири километри долгата патека е збогатена со спортски содржини, места за одмор и современо осветлување. Жителите на Кавадрци и околината ќе можат безбедно да се рекреираат од градот, преку с.Ваташа па се до Моклиште.

„Преку програмата за рурален развој, во општина Кавадрци се реализираа четири проекти. Покрај средствата наменети за велосипедската патека, издвоени се и 20 милиони денари за реконструкција на атмосферска канализација и обнова на вододводни линии во селлото Сопот, како и 750 илјади денари за пристапен пат до земјоделско земјиште во Моклиште. Преку овие проекти, ќе се развива руралниот туризам, а преку развој на оваа гранка директно ќе влијаеме на локалната економија“ изјави Бачовски.

Владата на Република Северна Македонија, за околу 200 инфраструктурни проекти кои приситгнаа од сите општини од државата, обезбеди 38 милиони евра, како финансиска поддршка, преку мерките наменeти за општините од Програмата за рурален развој. Сите проекти опфаќаат капитални инвестиции во локалната патна, водоводна и канализациона мрежа, изградба и реконструкција на мостови, пазари, паркови, спомен обележја и друг вид инвестиции, кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот во секоја општина во државата.

Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и министерството за земјоделство, ќе продолжат да креираат мерки насочени кон рамномерен регионален развој на сите општини, со цел подобрување на условите и квалитетот на живот на локалното население, а со тоа и подобрување на економијата во целост.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu