СООПШТЕНИЕ - 29.12.2021 во 14:02



Ја завршуваме годината со вкупно 203,5 милиони евра, инвестирани директно во земјоделскиот сектор



Заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денеска одржаа работен состанок со новинарите од медиумите кои активно го следат земјоделскиот сектор. На состанокот беа презентирани остварените резултати за 2021 година.

„2021 ќе биде запаметена како година во која имаме рекордно високи исплати на средства во земјоделскиот сектор. Вкупно 203,5 милиони евра, инвестирани се директно во земјоделскиот сектор, по разни основи. Во услови на светска економска и здравствена криза, земјоделскиот сектор беше силно поддржан од државата. Ниту еден од процесите немаше застој, сите програми и мерки имаа успешна и целосна реализација“ - изјави заменик министерот Димковски.

Тој во своето обраќање детално ги анализираше инвестициите во земјоделскиот сектор:
• 146 милиони евра се исплатени за двете програми кои ги креира Министерството, од кои околу 121 милиони евра за субвенции и 25 милиони за инвестиции во рурален развој.
• 18 милиони евра за капиталните водостопански инвестиции, средства со кои долгорочно го решаваме водоснабдувањето и стабилното наводнување.
• 10 милиони евра за втората фаза на проектот за наводнување на јужната долина на Вардар.
За ИПАРД 2 програмата во 2021 година исплатени се околу 16 милиони евра од кои 12 милиони се учество на европски средства а 4 милиони се од националното кофинансирање. И повторно, веќе трета година по ред, нема да се враќаат пари назад, бидејќи искористеноста е скоро 100%.
• 13.5 милиони евра, од ковид програмата, од кои 5 милиони евра им се исплатени на тутунопроизводителите и уште 8.5 милиони треба да се исплатат деновиве за производителите на грозје, ориз и јаболка.

Заменик министерот потенцираше дека нема реална цена за трудот на земјоделците, тие немаат фиксно работно време, немаат сезона на одмор, ниту паузи во процесот на производство како што имаат другите сектори. Но, затоа секогаш кога имаше потреба, државата интервенираше, во законски рамки и во рамките на буџетот.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски изјави дека Агенцијата во 2021 година оствари рекордни исплати по сите три програми, со што реализацијата на средствата е над 99 %, а исто така склучени се и многу договори и преку Националната и преку ИПАРД 2 програмата.

„ Оваа година преку ИПАРД 2 склучивме 507 договори со вкупна побарана сума од 16 милиони евра. Тоа се пари вложени во нови погони за производство на млеко, месо, пекарски производи, колачи,во отворање на туристички капацитети или модернизација на постојните, дел од овие средства се вложени во проекти од мерката Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ изјави Бачовски и додаде дека од денеска, отворен е нов Јавен повик за сите кои имаат потреба да набават систем за наводнување капка по капка, или да направат конструкција на бунари или пак зафати на површински води. Огласот е отворен до 27 - ми јануари 2022 година.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски изјави дека Агенцијата како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита на животните, преку воспоставениот интегриран систем за контрола, успешно ја заокружи 2021 година.

Реализирани се клучните приоритети дефинирани од Владата на Република Северна Македонија за обезбедување на највисоките стандарди за безбедност на храната и храната за животни како и планираните активности на институцијата. Горди сме како институција со потпишаниот Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ со кој меѓу Албанија, Србија и нашата држава, ќе се олесни трговијата со живи животни, храна, добиточна храна, со растенија и други производи. Со контроли и годинава покриен е целиот синџир на производство и трговија со храна. Заклучно со ноември спроведени се 43 910 контроли,изречени се 6290 мерки од кои 3919 решенија за отстранување недоследности и 2017 едукации. Поднесени се 47 прекршочни и 19 кривични пријави. Како небезбедна инспекторите поништиле над 15 тони храна, а самите оператори уништиле скоро 23 тони небезбедна храна – рече Бабовски.

Донесена е Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025, документ, појасни тој, во кој се дефинирани правците за развој на националниот систем за безбедност на храна и храната за животни. ОИЕ го потврди статусот на Република Северна Македонија на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози).- истакна Бабовски.

На работниот состанок со новинарите беа упатени желби за среќна, спокојна и бериќетна Нова Година, во која сите институции од земјоделскиот сектор најавија дека и во 2022 година, ќе продолжат со реализација на мерките и политиките за континуиран развој.

Vitin e përfundojmë me gjithsej 203.5 milionë euro, të investuara drejtpërdrejt në sektorin e bujqësisë

Zëvendësministri i bujqësisë, pylltarisë dhe ekonomisë së ujërave, Trajan Dimkovski, së bashku me drejtorin e Agjencisë për përkrahje financiare të bujqësisë dhe zhvillimit rural, Nikica Baçovski dhe drejtorin e Agjencisë së ushqimit dhe veterinarisë, Nikolçe Babovski, sot mbajtën takim pune me gazetarë nga mediat që ndoqën aktivisht nga sektori i bujqësisë. Në takim u prezantuan rezultatet e arritura për vitin 2021.

“2021 do të mbahet mend si një vit në të cilin kemi pagesa të larta rekord të mjeteve në sektorin e bujqësisë. Gjithsej 203.5 milionë euro janë investuar drejtpërdrejt në sektorin e bujqësisë, në baza të ndryshme. Në kushtet e krizës globale ekonomike dhe shëndetësore, sektori i bujqësisë u mbështet fuqishëm nga shteti. “Asnjë proces nuk ka ngecur, të gjitha programet dhe masat kanë qenë të suksesshme dhe janë zbatuar plotësisht”, tha zëvendësministri Dimkovski.
Në fjalën e tij ai analizoi në detaje investimet në sektorin e bujqësisë:
• Për dy programet e krijuara nga Ministria janë paguar 146 milionë euro, nga të cilat rreth 121 milionë euro për subvencione dhe 25 milionë euro për investime në zhvillim rural.
• 18 milionë euro për investime kapitale për menaxhimin e ujit, mjete me të cilat zgjidhim furnizimin afatgjatë me ujë dhe ujitjen e qëndrueshme.
• 10 milionë euro për fazën e dytë të projektit për ujitjen e luginës jugore të Vardarit.
Për programin IPARD 2 në vitin 2021 janë paguar rreth 16 milionë euro, nga të cilat 12 milionë janë pjesëmarrja e fondeve europiane dhe 4 milionë janë nga bashkëfinancimi nacional. Dhe përsëri, për të tretin vit radhazi nuk do të kthehet asnjë para, sepse shfrytëzimi është pothuajse 100%.
• 13.5 milionë euro, nga programi për Covid, nga të cilat 5 milionë euro janë paguar për prodhuesit e duhanit dhe 8.5 milionë të tjera do të paguhen këto ditë për prodhuesit e rrushit, orizit dhe mollëve.

Zëvendësministri theksoi se nuk ka çmim real për punën e bujqve, ata nuk kanë orar fiks, nuk kanë sezon pushimesh, as ndërprerje në procesin e prodhimit siç kanë sektorët e tjerë. Megjithatë, sa herë që ka pasur nevojë, shteti ka ndërhyrë, brenda kuadrit ligjor dhe brenda buxhetit.

Drejtori i Agjencisë për përkrahje financiare në bujqësi dhe zhvillim rural, Nikica Baçovski theksoi se Agjencia në vitin 2021 ka bërë pagesa rekord për të tri programet, që është realizimi i mjeteve mbi 99%, si dhe ka lidhur shumë marrëveshje përmes programit nacional dhe programit IPARD 2.

“Këtë vit përmes IPARD 2 kemi nënshkruar 507 kontrata me shumën totale të kërkuar prej 16 milionë euro. Janë para të investuara në fabrikat e reja për prodhimin e qumështit, mishit, prodhimeve të bukës, ëmbëlsirave, në hapjen e objekteve turistike apo modernizimin e atyre ekzistuese, një pjesë e këtyre mjeteve investohen në projekte në kuadër të masës Investime në modernizimin e ekonomive bujqësore, theksoi Baçovski dhe shtoi se nga sot është hapur një Thirrje e re Publike për të gjithë ata që kanë nevojë të prokurojnë sistemin e ujitjes me pika, të ndërtojnë puse apo ujëmarrëse sipërfaqësore. Shpallja është e hapur deri më 27 janar 2022.

Drejtori i Agjencisë së Ushqimit dhe Veterinarisë, Nikolçe Babovski theksoi se Agjencia, si institucion përgjegjës për sigurinë e ushqimit dhe shëndetin e kafshëve, përmes sistemit të integruar të kontrollit të vendosur, ka përfunduar me sukses vitin 2021.

Janë realizuar prioritetet kryesore të përcaktuara nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut për sigurimin e standardeve më të larta për sigurinë e ushqimit dhe ushqimit për kafshë si dhe aktivitetet e planifikuara të institucionit. Ne krenohemi si institucion me Marrëveshjen e nënshkruar për bashkëpunim në fushën e mjekësisë veterinare, sigurinë ushqimore dhe politikën fitosanitare në kuadër të nismës “Ballkani i Hapur” që do të lehtësojë tregtinë e kafshëve të gjalla, ushqimit, ushqimit për kafshë mes Shqipërisë, Serbisë dhe vendit tonë, me bimë dhe produkte tjera”, theksoi Babovski.

Në takimin e punës me gazetarët u dërguan urime për një Vit të Ri të mbarë, të qetë dhe të begatë, në të cilin të gjitha institucionet e sektorit të bujqësisë njoftuan se në vitin 2022 do të vazhdojnë me zbatimin e masave dhe politikave për zhvillim të vazhdueshëm.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu