Има 2515 текстови на 360 страни а Вие сте на 1 -та страна

СООПШТЕНИЕ - 21.09.2018






Започна исплатата на средствата од ИПАРД 2 програмата


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од денеска започна со првите исплати за финансиските средства од договорите склучени со последниот повик за ИПАРД 2 Програмата. Исплатени првите 10 барања за апликантите кои веќе ја извшиле инвестицијата. Само со првиот повик за ИПАРД 2 до денеска се склучени рекордни 898 договори во вкупна вредност на побарувани средства од 15,6 милиони евра, од кои 11,7 милиони евра се од европските фондови. Се очекува вкупната бројка на склучени договори да биде над 900 договори. Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалнилката на општина Арачиново, Миликије Халими, денеска го посетија земјоделецот Алмир Ќаили во село Грушино, општина Арачиново. Амир е успешен пример кој со помош на средства од европските фондови, од ИПАРД, инвестирал во производството односно во набавка на современа механизација со која го олеснил и ги намалил трошоците. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, информираше дека семејството Ќаили е одличен пример како и симболична европска помош може да помогне многу во унапредување на производството.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 21.09.2018






Признание за АФПЗРР за успешните политики во земјоделството


Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој и врачи Признание за европскиот пат на македонското земјоделство. Наградата ја прими директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски. Тој истакна дека оваа признание е потврда дека АФПЗРР, оди во добар правец.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 19.09.2018





До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства согласно Законот за рурален развој, од денеска до 19- ти октомври 2018- та година ќе може да аплицираат за добивање на средства за Млад земјоделец од Програмата за Рурален развој. Максималната прифатлива инвестициja, изнесува 600.000,00 денари, или 10 илјади евра а средствата може да се користат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агро бизнис.



[повеќе]

ЈАВЕН ПОВИК бр.05/2018 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година - 19.09.2018






Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.05/2018 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.


македонска верзија | албанска верзија

[повеќе]

Прес конференција на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој - 15.09.2018





Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска оддржа прес конференција со новинарите со цел да ја информира јавноста за тендерската постапка. Бабовски, рече дека ако сакаме поголема искористеност на Европските фондови и развој на агро – секторот, Агенцијата мора да се модернизира. Бабовски, истакна дека АФПЗРР, мора во нарениот период целосно да се поврза на „ИАКС системот“ кој го налага
Европската Комисија а беше и една од забелешките на Европската Унија со последниот извештај за напредокот на земјава. Бабовски, информираше дека постојните компјутери во целост не го овозможуваат поврзувањето со„ ИАКС системот“



[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 12.09.2018






Демант!
Почитувани,

По повод натписите во дел од порталите, но, и согласно медиумскиот интерес за Јавната набавка на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој, Ве информираме дека Јавната набавка е направена согласно Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР, и по планот на Владата на РМ за модернизација на институциите.

Средствата наменети за оваа Јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА фондови. Три (3) милиони денари се обезбедени од Програмата за Финансиска поддршка во Руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства истите ќе беа вратени во ЕУ.



[повеќе]

ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2018 за доставување на барања за исплата на средства од Програма за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018 година - 10.09.2018






Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018 година, дека во Јавниот повик 04/2018 првиот пасус од делот III Висина на финансиска поддршка се менува и гласи...


[повеќе]

Страна:  1 2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33  34  35  36  37  38  39  40  41  42  43  44  45  46  47  48  49  50  51  52  53  54  55  56  57  58  59  60  61  62  63  64  65  66  67  68  69  70  71  72  73  74  75  76  77  78  79  80  81  82  83  84  85  86  87  88  89  90  91  92  93  94  95  96  97  98  99  100  101  102  103  104  105  106  107  108  109  110  111  112  113  114  115  116  117  118  119  120  121  122  123  124  125  126  127  128  129  130  131  132  133  134  135  136  137  138  139  140  141  142  143  144  145  146  147  148  149  150  151  152  153  154  155  156  157  158  159  160  161  162  163  164  165  166  167  168  169  170  171  172  173  174  175  176  177  178  179  180  181  182  183  184  185  186  187  188  189  190  191  192  193  194  195  196  197  198  199  200  201  202  203  204  205  206  207  208  209  210  211  212  213  214  215  216  217  218  219  220  221  222  223  224  225  226  227  228  229  230  231  232  233  234  235  236  237  238  239  240  241  242  243  244  245  246  247  248  249  250  251  252  253  254  255  256  257  258  259  260  261  262  263  264  265  266  267  268  269  270  271  272  273  274  275  276  277  278  279  280  281  282  283  284  285  286  287  288  289  290  291  292  293  294  295  296  297  298  299  300  301  302  303  304  305  306  307  308  309  310  311  312  313  314  315  316  317  318  319  320  321  322  323  324  325  326  327  328  329  330  331  332  333  334  335  336  337  338  339  340  341  342  343  344  345  346  347  348  349  350  351  352  353  354  355  356  357  358  359  360  Следна >>

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu