Questions and answers
-
IPARD
Компанијата планира изградба на деловен простор за преработка на земјоделски производи, како и набавка на опрема за истата цел. Дали може изградбата на деловниот простор да ја финансира со сопствени средства и да ја заврши до Септември, а во следен повик од Ипард кој се очекува да излезе сега да аплицира за грант за набавка на опрема и машини, со што би се затворил целиот производствен процес?
Да, може така. Да го изгради објектот каде ќе биде сместено производството/преработка на земјоделски производи.
Дали производство на органско ѓубриво од калифорниски црви како дејнот е опфатена во дејности на финанисрање од страна на Ипард. Компанијата има одобрение за изградба на помошни простории каде би се чувале црвите, дали може да се финансира изградба на помошни простории и доколку може, во која мерка би требало да се аплицира овој проект?
За овој тип на производство - краен производ, органско ѓубриво не е предвидено по ИПАРД програмата 2021-2027.
Заинтересиран сум за изградба на фарма меѓу тоа не можев да најдам во програмата кои се услови за финансирање од ипард. Би ве замолил нешто по конкретно да ми кажете околу тоа?
За инвестиции во фарми по ИПАРД програмата, може да аплицирате во мерка 1 - Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. За овој тип на инвестиции може да најдете детални информации на нашата интернет страница во делот ИПАРД 2014-2020 / 2021-2027, каде детално е објаснето за овој тип на инвестиции - Изградба на фарма. Ако имате други информации ви стоиме на располагање.
Дали во мегувреме се објавени повици за ИПАРД програмата и доколку не се кога ќе се бидат објавени?
Се уште нема објавени јавен повик за ИПАРД програма 2021-2027 година. Во текот на наредниве месеци ќе се објави јавен повик по ИПАРД програма.
Ве молам за информација кога се очекува нареден јавен повик за Ипард и Националната програма?
За ИПАРД програма, Јавен Повик ќе има во наредниот период. Се уште не е дефиниран временскиот период, меѓутоа ќе биде во 2023 година.
Дали може да ги добијам податоците кои се потребни за аплицирање за основање на Дестилерија?
За вашата инвестиција - Дестилерија, може да аплицирате по мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Сите потребни информации за вашиот тип на инвестиција може да ги најдете на нашата интернет страна www.ipardpa.gov.mk, во делот ИПАРД 2014-2020, мерка 7. Со напомена ИПАРД 2014 - 2020 е завршена, се чека одобрување на ИПАРД 2021-2027, меѓутоа критериумите во 90% остануваат исти.
Кога ќе биде објавен јавен повик за ИПАРД 3 програмата?
Во тек е изготвување на календар за објавување на јавни повици под ИПАРД програма. Кога ќе биде изготвен календарот, ќе биде објавен во електронски и печатен медиум.