Често поставувани прашања

  • МЕРКА 101

    Дали со мерка 101 се опфатени ситна јагода, капина, малина?

    Да, ниско стеблести овошја се прифатливи.

    Во врска со мерка 10131 Изградба на пластеници прифатлив корисник може да биде индивидуално земјоделско стопанство кое поседува 0.3 ха пластеници,или 0,3 ха земјоделска површина?

    За тип на инвестиција 10131 барателот треба да има “Пријавено производен капацитет пластеник“ во Подрачната единица на МЗШВ согласно наведениот критериум 0,3ха сопственост или закуп на земјоделска површина, што се докажува со соодветен документ (имотен лист, договор за концесија, закуп и сл).

    Дали може постоечки лозов насад да се ископачи и засади со маслинка ?

    Не. Прифатливите инвестиции во лозови и овошни насади се однесуваат на засадување на садници на веќе постоечка површина под лозов / овошен насад и се однесуваат на замена на лозови насади постари од 20 години.

    Дали е прифатливо во ИПАРД засадување на овошни садници на празна површина ?

    Не. Површината треба претходно да е засадена со овошен насад. ИПАРД програмата поддржува обновување на постоечки овошни насади со замена на насади постари од 15 години или непрепорачани сорти, без зголемување на засадената површина.

    Кои сорти грозје се прифатливи за кофинансирање по ИПАРД?

    Исклучиво оние наведени во Правилникот за класификација на винските сорти грозје (Службен весник 6/2007).

    Дали средствата ќе се одобруваат и за нов насад од овошје? Дали е задолжително да се има сопствена нива?

    Сoгласно ИПАРД Програмата дозволено е копачење на постоечки и подигнување на нов овошен насад на иста површина. Нивата не мора да биде сопствена, но за под наем или концесија мора да се има адекватни документи кои ја докажуваат сопственоста.

  • МЕРКА 103

    Дали ИПАРД поддржува опрема за полнење на ракија?

    Не. Прифатлива е само опрема за полнење на вино.