Политика за приватност

Со посетувањето на веб страната на АФПЗРР, значи дека сте ја прочитале содржината на документот за Политика на приватност. Со разгледување и запознавање со нашата веб страна и оваа Политика на приватност, Вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.

Информациите кои на оваа веб страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и се наменети за континуирано известување на членовите на АФПЗРР.

АФПЗРР ги вложува сите напори за навремено ажурирање на сите информации на веб страната, како и за елиминирање на техничките и фактички грешки кои повремено може да се појават, АФПЗРР прифаќа повратно укажување од страна на членовите на АФПЗРРна некоја ненамерна или техничка грешка.

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи, обврски  и овластувања.  

Прибирање и обработка на лични податоци

Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате Вашите лични податоци. Од Вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да Ви доставиме информација која се однесува на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате.

Личните податоци ги прибираме кога Вие ќе ни ги доставите преку контакт формата единствено со цел да го обработиме Вашето барање, како дел од барање за услуги, прашања или барања за материјали што се потребни околу дејноста на АФПЗРР и други слични ситуации во кои сте избрале да ни доставите информации. Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во АФПЗРР, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна а која со договор е обврзана на заштита на личните податоци до кои ќе има пристап. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме

 Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна ipardpa.gov.mk. 
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.Учесници на обуки, конференции и настани- Лични податоци за цели на спроведување на обуки и настани организирани од АФПЗРР .

Категории на податоци кои се обработуваат

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која Ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на АФПЗРР;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот email: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
  • преку пошта,
  • по факс,
  • усмено.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • право на пристап до личните податоци;
  • право на исправка и бришење на личните податоци;
  • право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • право на приговор.

Право на откажување

Вие имате право во секое време да ја повлечете Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци во иднина. Исто како и за претходното, само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот, освен во случаи предвидени со закон.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.