Политика за квалитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е одговорна институција за целосно, навремено и точно спроведување на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку воспоставен ефикасен, ефективен и економичен систем за контрола и управување. Во контекст на воспоставената мисија, менаџментот ги воспоставува стратешките цели и приоритети.

Со исполнувањето на стандардите и применувањето на системот за менаџмент со квалитет- ИСО 9001:2015 во работењето, се создадоа услови за подобрување на управување на процесите и управување на човечките ресурси, како и зголемување на продуктивноста на работењето со што се обезбедува современо опкружување во кое крајните корисници на поедноставен и полесен начин ќе ги остварат правата на користење на финансиска поддршка во областа на земјоделството и руралниот развој. Созададовме нова клима во работењето на државниот сектор, која подразбира квалитетно и транспарентно работење и одговорност за резултатите.

Во остварување на своите надлежности, Агенцијата се обврзува да негува отворен и одговорен пристап кон крајните корисници: земјоделските стопанства и други правни и физички лица, меѓународните партнери, јавните претпријатија, државните институции, вработените и цела општествена заедница.

За таа цел, Агенцијата овозможува ефективен систем за менаџмент со квалитет, ориентиран кон:

  • спроведување на мерките за директни плаќањаво земјоделството преку постојано обезбедување на финансиска помош на земјоделските стопанства;
  • спроведување на мерките за рурален развој;
  • спроведување на мерките за рибарство и аквакултура;
  • спроведување на мерките на државна помош во земјоделството;
  • зголемување на квалитетот на услугите кај крајните корисници како и зголемување на нивното задоволство преку исполнување на нивните барања и очекувања;
  • овозможување на финансиската помош за рурален развој во рурални подрачја во Република Северна Македонија, а со тоа и подобрување на животниот стандард на населението во тие подрачја и развој на општините;
  • подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија;
  • постојано унапредување на знаењата и вештините на вработените преку обуки и работилници;
  • целосно исполнување на барањата на меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2015;
  • разбирање на контекстот на институцијата, внатрешното и надворешното како и прецепциите на засегнатите страни;
  • размислување базирано на ризиците и можностите;
  • постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитет;
  • постојано информирање на јавноста преку медиумите и преку веб страната на Агенцијата: https://ipardpa.gov.mk/

 

Сертификат на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015