Сектор за регистри

Секторот за регистри е надлежен за следните работи и задачи:

  • воспоставување и ажурирање на регистрите потребни за имплементација на Интегриран административен контролен систем (ИАКС),
  • воспоставување, ажурирање и грижа за ефикасно функционирање на базата за референтни цени, Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделски парцели (СИЗП),
  • поврзување и кординација со Регистарот за идентификација и регистрација на животни и други надворешни регистри,
  • подготовка на периодични и годишни извештаи за работата на секторот,
  • соработка со другите сектори во Агенцијата,
  • соработка со други органи на државната управа,
  • соработка со приватниот сектор од доменот на ИКТ и
  • соработка со релевантни домашни и странски институции за работи од својата надлежност.