Во состав на СЕКТОРОТ ЗА ОПШТИ И ПРАВНИ РАБОТИ влегуваат:
- Одделение за општи и архивски работи кое е одговорно за вршење на канцелариски и архивски работи на Агенцијата,
- Одделение за правни работи кое обезбедува правна поддршка на организационите единици во Агенцијата во врска со реализација на мерките финансирани од Буџетот на Европска Унија и буџетот на Република Северна Македонија,
- Одделение за јавни набавки кое се грижи за јавните набавки во Агенцијата и подготовката на годишен план за јавни набавки како и подготовката на договори за јавни набавки.