Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на пченица дека рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за складирање на пченица од домашно производство од род 2017 година завршува на 15 септември 2017 година. Финансиската поддршка за складирање на ПЧеНИЦа се доделува за покривање на од трошоците за складирање на пченица предадени на складирање во складиштар (регистрирани откупувачи на земјоделски производи согласно Законот за земјоделство и рурален развој) во период од 1 август до 1 септември 2017 година.
Финансиската поддршка се исплаКа за складирање за период од намалку два а најмногу шест месеци.
Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат во писарницата на Агенцијата, лично или по пошта на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Булевар „Трета македонска бригада“ бр. 20
Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:
1. Договор за складирање склучен помебу складиштарот и барателот кој содржи ПОДаТОЦИ за: цена за извршена услуга за складиштење со пресметан ДДВ, квалитет на пченицата и времетраење на складирањето
2. Потврда издадена од складишарот за примена и ускладиштена количина на пченица од род 2017 година
З. Извештај за квалитет на пченица издаден од овластена лабораторија
Образецот за поднесување на барањата како и образецот на потврдата која треба да ја издаде складишарот може да се подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаКања 2017”, „Обрасци”.