Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека рокот за поднесување на барања за директни плаКања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2017 година е до 5 ноември 2017 година. Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните еДИНИЦИ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Исто така, до 5 ноември 2017 година завршува рокот за поднесување на барања за директни плаКања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември 2017 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на КОКОШКИ несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаКања 2017”, „Обрасци”.