ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2026
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година
I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:
|
ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ |
||
|
Код на мерка |
Назив на мерка |
Максимална кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник |
|
115 |
Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство |
до 360.000,00 денари по поединечен корисник |
II. КОРИСНИЦИ
Право на користење на средства имаат следните субјекти:
|
Субјекти |
Код на мерка |
|
Земјоделски стопанства чиј носител или член е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој |
Мерка 115 |
III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции во набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи и инвестиции во набавка на услуги за спроведување на деловниот план на инвестицијата, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата се поднесуваат хартиено по препорачана пошта на адреса на Агенцијата или лично во писарницата на Агенцијата.
- Земјоделските стопанства кои се корисници на ИПАРД програмата за истиот тип на инвестиција не можат да бидат корисници на финансиска поддршка на истата мерката.
- Земјоделските стопанства кои биле корисници на мерка 115 од Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој од претходните години, не можат да бидат корисници на оваа мерка за ист тип на инвестиција.
- Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата во рок од 30 дена.
- Максимален рок за реализација на инвестицијата е 6 месеци по потпишување на договорот.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
- Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година („Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 30/26, 64/26 и 225/26“)
- Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22, 65/23 и 218/24 )
- Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 100/19, 215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22, 113/22, 186/22, 73/23, 94/26, 69/25 и 228/26) и
- Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 77/19, 214/19, 276/21, 91/22, 122/22, 186/22, 73/23, 250/23, 23/24, 69/25 и 227/26)
- Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на барањето;
- Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
- Барањата кои се поднесени после предвидениот рок, нема да се разгледуваат.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје
Крајниот рок за доставување на барањата е 13.11.2026 година.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и
на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Сектор за одобрување на проекти.
Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот
E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk