- Градско Балдовци со почеток во16:00 часот,
- Куклиш со почеток во 18:00 часот
- Банско со почеток во 20:00 часот
Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржуваат со цел да се реализираат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата, каде ќе имаат можност да се информираат во врска со поволностите кои се нудат преку Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да се запознаат со работата на Агенцијата, да дискутираат за прашања од нивен интерес, да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето, како и да побараат стручна помош.
Воедно, отворените денови се прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјоделците кои ги имаат при користење средства од програмите за земјоделство и рурален развој, со цел подобрување на истите.