Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства и откупувачи на земјоделски производи дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за органско производство и ќе трае до 25 декември 2017 година. Барања се поднесуваат за следните намени:
-Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло
-Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло
-Стручна контрола и сертификација
-Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализа на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2017 година.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Воедно потсетуваме дека до 25 декември 2017 година се поднесуваат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.
Подетални информации може да добиете во подрачните единици на министерството и во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на следната веб страна: www.ipardpa.gov.mk.