Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани граѓани дека на ден 24.11.2016 година ќе се одржат отворени денови во регионалните канцеларии на Агенцијата или во просториите на општините со следниот распоред
- Добрејци со почеток во16:00 часот,
- Дабиље со почеток во 18:00 часот
- Просениково со почеток во 20:00 часот
Отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржуваат со цел да се реализираат директни средби со земјоделците и бизнис заедницата, каде ќе имаат можност да се информираат во врска со поволностите кои се нудат преку Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, да се запознаат со работата на Агенцијата, да дискутираат за прашања од нивен интерес, да дадат предлози за надминување на одредени проблеми со кои се соочуваат за време на аплицирањето, како и да побараат стручна помош.
Воедно, отворените денови се прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјоделците кои ги имаат при користење средства од програмите за земјоделство и рурален развој, со цел подобрување на истите.
На отворените денови ќе присуствуваат претставници од Агенцијата кои директно се инволвирани во сето она што е главна надлежност на институцијата.