Граѓаните на општина Кисела Вода преку Плакета ја искажаа благодарноста до АФПРРЗ за реализираните проекти преку Програмите кои ги нудат за развој на општините.

 


Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска добија Плакета од општина Кисела Вода за успешната соработка како и за поддршката што Агенцијата преку проекти и ја дава на општината Кисела Вода и и помага во нејзиниот развој.
Плакетата за благодарност ја врачи градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, а во име на Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството, ја прими директорот на оваа институција Николче Бабовски. Градоналачникот Темелковски, се заблагодари за успешната соработка и за поддршката што преку реализираните проекти АФПРРЗ ги дала на општината во изминатиот период. Бабовски пак, рече дека Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството и во иднина преку Програмите кои се наменети за Локалните самоуправи ќе продолжи да ја негува соработката и преку различни проекти ќе го унапредува животот на граѓаните во сите општини во земјава. Бабовски упати и апел до сите општини во Македонија:

„ Ги повикувам сите Единици на локалната самоуправа да ги следат огласите кои ги објавуваме преку Програмите, и да аплицираат за добивање на средства, со што ќе овозможат развој на општината, како и поквалитетен живот на граѓаните.- рече Бабовски

Општина Кисела Вода денеска прослави 63 години постоење. Советот на општина Кисела Вода оддржа Свечена седница, а освен Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството беа наградени и останати претпријатија кои несебично ја поддржале оваа локална самоуправа во изминатите години.