
Признание за АФПЗРР за успешните политики во земјоделството
Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој и врачи Признание за европскиот пат на македонското земјоделство. Наградата ја прими директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски. Тој истакна дека оваа признание е потврда дека АФПЗРР, оди во добар правец.
„ Признанието кое денеска го добива АФПЗРР, е заслуга на сите вработени. Посветеноста кон унапредување на Програмите, брзата реализација на барањата, како и навремената исплата на средствата ќе бидат во фокусот на сите нас и во иднина. Бабовски, додаде дека целта е земјоделците да ги добиваат сите потребни информации навреме, да се зголеми искористеноста на средствата и по Националната и по ИПАРД програмата. Информирани земјоделци, модернизирани земјоделски стопанства, и зголемена искористеност на ИПАРД средствата се клучот за зголемено производството, за квалитетни производи и извоз на домашните земјоделски производи. – рече Николче Бабовски.
Освен АФПЗРР, плакети добија и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, и посебниот советник за земјоделство на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска. Од здружението посочија дека овие плакети се резултат на мерките кои Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развпј ги имаат преземано во изминатава година и половина, за развој на земјоделството. Инаку здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ организираше манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година“ каде изборот на најуспешните беше само во областа на земјоделството и оваа манифестација ќе биде единствена од ваков тип во државата.