
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска оддржа прес конференција со новинарите со цел да ја информира јавноста за тендерската постапка. Бабовски, рече дека ако сакаме поголема искористеност на Европските фондови и развој на агро – секторот, Агенцијата мора да се модернизира. Бабовски, истакна дека АФПЗРР, мора во нарениот период целосно да се поврза на „ИАКС системот“ кој го налага
Европската Комисија а беше и една од забелешките на Европската Унија со последниот извештај за напредокот на земјава. Бабовски, информираше дека постојните компјутери во целост не го овозможуваат поврзувањето со„ ИАКС системот“
„Не може со мотор на „југо 45“ да возите „порше“. Од 2009- та година до денеска во системот на Агенцијата обработени се над 1 милион и 88 илјади барања. Годишно во просек се обработуваат 150.000 – 160.000 барања. Ако сакаме уште поголема искористеност на средствата и по Националните и по ИПАРД програмите мора да има и добри компјутери. – речи Николче Бабовски – директор на АФПЗРР
Тој рече дека постапката за Јавната набавка е максимално транспарентна :
Со овој Јавен повик, набавуваме десет компјутери со „i5“ процесор за ИТ службата на Агенцијата, а 170 со „i3“. Објасни дека повикот беше објавен на почетокот на неделава. Тендерот е во тек и ќе трае до втори октомври, кога ќе биде и отворањето на понудите. Постапката е транспарентна, поставена е на службеното гласило на ЕУ, а и документите се достапни за увид. – вели Бабовски.
Околу натписите за тоа дали можеше да се пренаменат овие средства за други потреби, одговори дека таква можност нема. Тие средства може да се користат само за набавка на опрема која е поврзана со „ИАКС системот“ и која ќе ја унапреди обработката на барањата за ИПАРД и за Националаната програма. За оваа набавка има добиено согласност и од Националниот Совет за ИКТ при Влада на Република Македонија. Огласот за реализирање на оваа Јавна набавка, освен на електронскиот систем за Јавни набавки на РМ, испратен е и до Службеното гласило на ЕУ, ТЕД (tenders electronic daily - https://ted.europa.eu/TED/main/HomePage.do
Европските регулативи наметнати од Европската комисија, тежината и обемот на работа, налагаат компјутерите да бидат со напредни перформаси. Набавените компјутери треба да бидат со „BRAND NAME“ и да имаат MAF. Тоа значи, тој кој што би го добил тендерот мора да има официјален документ дека е овластен од компанијата производител да набави и испорача опрема од него. Со еден збор, главниот производител на компјутерите мора да гарантира за опремата и за испораката. Исто така, сите кои што сакаат да конкурираат за оваа Јавна набавка, треба да обезбедат три години гаранција за опремата и за „оперативниот оффис“. А треба да достават и банкарска гаранција од 10% од вредноста на договорот и мора да приложат и „Изјaва за сериозност на понудата.“
Квалификувајќи ги како неумесни навредите на фејсбук од лица кои, како што рече, креираат јавно мислење, Бабовски уште еднаш нагласи дека со осовременувањето на Агенцијата и нејзиното работење, и повлекувањето на средствата ќе биде поголемо. На новинарско прашање околу исплата на субвенциите, Бабовски одговори дека до почетокот на септември исплатени се 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари. Околу 80 проценти е реализацијата на буџетот за трите видови поддршка во земјоделството: директните плаќања (субвенциите), поддршката за руралниот развој и за рибарството и аквакултурата. Според директорот, најмногу од средствата се распределени за градинарството, а најмалку за органското проивзодство.
Бабовски напомена дека е значително зголемена и реализацијата на ИПАРД средствата. На првиот јавен повик од ИПАРД 2 Програмата се доставени 1.680 апликации и засега се потпишани 800 договори, но се очекува оваа бројка да достигне 900.