Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2018 година, дека во Јавниот повик 04/2018 првиот пасус од делот III Висина на финансиска поддршка се менува и гласи:
“Средствата се наменети за подигнати повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, набавка на добиток во периодот од 1 јануари 2018 година до 30 септември 2018 година.”
Останатите делови од јавниот повик 04/2018 објавен на 01.09.2018 година остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.