СООПШТЕНИЕ

 


Од денеска почнува аплицирање за добивање на субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува млекопроизводителите дека е во тек поднесувањето на барањата за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември 2018 година, односно за трета фаза млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.



Исто така, на 5- ти ноември 2018 година завршува и рокот за поднесување на барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од 1- ви мај до 30 септември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена неслика во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца. Барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да поднине во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.