Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува откупувачите на сливи и преработувачите на пченица дека можат да поднесат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од реколта 2018 година од домашно производство.
Корисници на подмерката „Директни плаќања за откупени сливи од род 2018 година од домашно производство“ се правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство врз основа на договор за откуп склучен со земјоделски стопанства. Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени во период од 15 август до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари по килограм. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.
Барателите за оваа подмерка треба да поднесат барање за финансиска поддршка најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:
- Склучен договор со секое земјоделско стопанство
- Доказ за откупени сливи од земјоделското стопанство - Приемница
- Доказ за извршена исплата – Банков извод
Корисници на подмерката „Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 година од домашно производство“ се правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство директно од земјоделските стопанства врз основа на склучен договор за откуп или преку еден регистриран откупувач. Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени најдоцна до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 1 денар по килограм.
Барателите за оваа подмерка треба да поднесат барање за финансиска поддршка најдоцна до 25 декември 2018 година. Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:
- Склучен договор со секое земјоделско стопанство
- Доказ за откупена пченица од земјоделското стопанство - Приемница
- Договор за откупена пченица од регистриран откупувач (само доколку пченицата е откупена преку регистриран откупувач)
- Доказ за извршена исплата – Банков извод
За овие подмерки барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Булевар „Трета Македонска Бригада“ бр. 20
1000 Скопје
Образците за поднесување на барањата може да се подигнат во Агенцијата или да се превземат од веб страната www.ipardpa.gov.mk, во делот „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.
Лице за контакт:
Билјана Пендевска
Телефони за контакт: 02/3097-480 и 071/385-396