Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, од денеска е учесник на 59-та Директорска конференција на Платежните агенции на Евроспката Унија, која во наредните 2 дена ќе се одржи на Кипар.
Конференцијата ја отвори, Директорот на Кипарската платежна агенција, Андреас Киприану, а покрај големиот број на суштински теми за развој на функционирањето на Агенциите, ќе стане збор и за ,,Европскиот систем за следење на земјиштето во рамките на ,,заедничката земјоделска политика по 2027 година,,, преку примери за дополнителни услуги за земјоделците што веќе ги обезбедува италијанскиот IACS во областа на управувањето со ризици.
Преку споделените искуства меѓу Платежните агенции, се унапредува работењето кај сите земји учеснички, при што ЕУ е на половина пат од спроведувањето на стратешките планови на Заедничката земјоделска политика.



.jpg)