ВОДИЧ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2026 ГОДИНА

 Почитувани земјоделци,

Земјоделството не е само дејност – тоа е темел на нашата економија, нашата традиција и нашата иднина. Вашиот труд ја храни државата, создава вредност и обезбедува стабилност за идните генерации. Токму затоа, како институција, нашата мисија е да обезбедиме поддршка и да бидеме ваш сигурен партнер.

Со ова Упатство, сакаме на јасен и разбирлив начин да ви ги доближиме мерките за директни плаќања, вашите права, но и обврските кои произлегуваат од нив. Нашата цел е секој земјоделец да има еднаков пристап до информациите, да може лесно да аплицира и да ги искористи сите можности што му следуваат.

Имајќи предвид дека во текот на годината можат да се случат измени и дополнувања на мерките за директни плаќања и роковите за поднесување на барања, Ве повикуваме да ги следите сите информации поврзани со работењето на Агенцијата на веб страницата: www.ipardpa.gov.mk

Ви благодариме за вашата посветеност, истрајност и доверба.

Со почит,
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

 

Напомена!

Ова упатство има информативен карактер и е изработено за полесно разбирање на условите и можностите за користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и за полесно користење на електронскиот систем за поднесување на барања. Во случај на несогласност помеѓу содржината на ова упатство и важечките прописи, се применуваат одредбите од Законот, Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и Уредбата за директните плаќања.

 

Што се директни плаќања во земјоделството

Директни плаќања во земјоделството се финансиска поддршка што државата им ја исплаќа директно на земјоделците, со цел да се поттикне земјоделското производство, да се обезбеди стабилен приход и да се одржи руралниот развој.

Тоа се пари што земјоделците ги добиваат за:

-        обработка на земјиште,

-        одгледување и продажба на земјоделски  култури,

-        чување добиток

Овие плаќања се доделуваат врз основа на:

-        површина (по хектар),

-        број на грла добиток или

-         произведени и продадени земјоделски производи

и се условени со почитување на пропишаните правила и критериуми.

 

Кој може да биде корисник

Право на директни плаќања имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

За мерките по површина прифатливи се само парцелите кои се евидентирани во СИЗП и ЕРЗС.

За мерките по грло говеда, овци, кози и пчелни семејства прифатливи се само грлата кои се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на животни.

Директните плаќања се одобруваат и исплаќаат по извршена проверка на исполнетоста на условите, по спроведени административни и теренски контроли (класични и со далечински методи).

Во случај кога ќе се утврди неусогласеност на податоците од барањето со фактичката состојба, како и несообразност со задолжителните барања за добра земјоделска пракса и заштита на животната средина, се врши намалување до целосно исклучување на директните плаќања.

Доколку барателот има ненамирени финансиски обврски кон следните институции, може да се изврши пребивање со одобрениот износ на поддршката, со негова претходна согласност:

- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција),

- Министерството,

-   Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта, и

-   Подружниците на АД Водостопанство, ЈП Стрежево, ЈП Лисиче и ЈП Злетовица

 

 

ВАЖНО!

Пред поднесување на барање задолжително проверете:

-        Дали вашите лични податоци (вклучително и податоци за адреса) се целосни и точни во ЕРЗС

-        Дали сите парцели се правилно евидентирани во ЕРЗС и СИЗП

-        Дали животните се правилно евидентирани во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни во ветеринарното друштво

-        Дали трансакциската сметка која ќе ја наведете во барањето е на Ваше име и е активна

 

Рокови за поднесување на Барање за директни плаќања

За мерките по површина и по грло добиток крајниот рок за поднесување на барања е 30 септември 2026 година.

Роковите за поднесување на барањата се објавуваат во Уредбата за директни плаќања и истите може да се менуваат.

За секоја промена дополнително ќе бидете известени преку соопштенија објавени на веб страницата на Агенцијата

Постапка при поднесување на Барање за директни плаќања

Барањата се поднесуваат по електронски пат преку софтверското решение за директни плаќања самостојно од страна на барателот, со регистрација во системот преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“. На истото место ќе најдете детални технички упатства за создавање и поднесување на барањето како и за потребните документи.

По поднесувањето, барањето се печати и еден потпишан примерок се доставува до Агенцијата а еден примерок задржува барателот.

Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошен текст: ПЕ на Министерството) обезбедуваат помош на барателите.

Измени и дополнувања на поднесеното барање може да се прават во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.

За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.

 

ВАЖНО!

Следете го текот на обработка на вашето барањето преку веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-субвенции“ – „Преглед на барање“.

Тука можете да ги добиете следните информации:

-        датум на донесување на решение,

-        датум на исплата и

-        евентуални пречки за одобрување и исплата.

Од исто место можете да го преземете вашето решение.

 

Табеларен преглед на мерки и услови

Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

Директни плаќања по површина

 

Мерка

Основни услови

Минимум површина

Обврски

Висина

1.1 Поледелски култури

Засеани и ожнеани култури

0,7 ха (0,2 ха тутун)

Сертифицирано семе за дел од културите, Продажба/складирање за дел од културите

6.000–18.000 ден/ха

1.2 Лозја и овоштарници

Одржувани насади

0,5 ха лозја

0,5 ха овоштарници

Продажба за дел од видовите

12.000–42.000 ден/ха

1.3 Градинарски култури

Засеани и обрани

0,3 ха

Продажба за сите видови

12.000–30.000 ден/ха

1.4 Контролирани услови

Производство во оранжерии

0,3 ха

Продажба до 15 мај

120.000 ден/ха

1.5 Угар/зелено ѓубре

Угар/зелено ѓубрење

25% од 1.1 и 1.3

Агротехнички мерки

3.000 ден/ха

1.6 Ливади

Косење

1 ха

Соодветен број грла

6.000 ден/ха

 

ВАЖНО!!!

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

 

 

Директни плаќања по број на грла на добиток

Мерка

Основни услови

Минимум грла

Обврски

Висина

1.7 Говеда

Женски,

18–180 месеци

3

Чување до 30 ноември

Продадено млеко или колење

8.000 ден/грло

1.8 Говеда 6–18 месеци

Женски

6–18 месеци

/

Чување до 30 ноември

 

3.000 ден/грло

1.9 Овци

Женски и машки

Мин.12 месеци

30

Чување до 30 ноември

Продадено млеко најмалку 500 литри или заклано јагниња мин.30%

3.000 ден/грло

1.10 Кози

Женски и машки

Мин.12 месеци

30

Чување до 30 ноември

 

3.000 ден/грло

1.11 Маторици

Женски приплодни грла

10

Чување до 30 ноември

 

4.000 ден/грло

1.12 Пчелни семејства

Регистрирани презимени

30

Одржување на бројот до 30 септември

600 ден/семејство

+ 200 со посебни услови

 

 

 

ВАЖНО!!!

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум грла за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а имате одобрено барање во 2025 година со помал број на грла, за истиот минимум број  ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

 

 

 

Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

 

Мерка

Корисник

Услов

Висина

2.1 Подрачја со ограничувања

Сите

Површини или одгледувалиште над 700 м или

Одгледувалиште во населено место со жители до 100

+15%

2.2 Категории носители на земјоделски стопанства

Млад или

Регистриран

Запишани промени во ЕРЗС

+10% /

 +20% /

+30%

2.3 Зголемен добиток

Сточари

До +30% раст

+30%

2.4 Пчелни матици

Пчелари

Регистрирани

2.000 ден

2.5 Анализа на мед

Пчелари

30 презимени пчелни семејства

50% од трошокот

 

 

 

 

Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство

Мерка

Услов

Висина

3.1 Тутун

Договорен и продаден

60–80 ден/кг

3.2 Овошје и зеленчук

Предадено

3–5 ден/кг

3.3 Семе (житни)

Произведено,сертифицирано, продадено

4–20 ден/кг

3.4 Семе (тутун)

Произведено и сертифицирано

1.000 ден/кг

3.5 Млеко

Произведено и продадено

6–7 ден/л

3.6 Говеда

Одгледани и заклани

4.500–6.000 ден/грло

3.7 Гоеници

Одгледани и заклани мин.20

1.000 ден/грло

3.8 Бројлери

Одгледани и заклани

80 ден

3.9 Несилки

Одгледани и заклани

120 ден

3.10 Пилиња

Одгледани и продадени

10 ден

 

 

ВАЖНО!!!

За мерките за произведен и продаден тутун, овошје, зеленчук и млеко, како и за заклани говеда, реализацијата е врз основа на доставени податоци од откупувачите. За овие мерки земјоделските стопанства не поднесуваат барања

 

 

 

 

Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

 

Мерка

Услов

Висина

4.1 Набавени садници

Купени и засадени овошни и лозови садници

35–40 ден

4.2 Расад

Купен и засаден расад од градинарски култури

10 ден

4.3 Осеменување на говеда

Добиено теле

2.000–4.000 ден

 

 

 

Други мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

 

Мерка

Услов

Висина

5 Складирање

Складирани пченица, јачмен и ориз

Покривање на трошоци

6 Мали земјоделски стопанства

Површина и грла под минимум

Корисник во 2025 година

Иста како мерките по површина и по грло

7 Осигурување

Полиса

60%

8 Сточарство

Воспоставување и одржување на матично книговодство

 

9 Почва

Анализа

60%

10 Гориво за земјоделска механизација

Корисник по површина во 2025 година

3.200–12.000 ден/ха

 

 

 Опис на мерки и услови

1.     Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

Директни плаќања по површина

1.1  Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури

Услови:

-        Засеани и ожнеани поледелски култури на минимум површина од 0,7 ха збирно за сите култури со исклучок на тутун 0,2 ха

-        Задолжителна употреба на сертифицирано семе за: пченица, сончоглед и маслодајна репка

-        Задолжително продадено или складирано одредена количина на производство кај регистриран откупувач за: пченица, јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна репка и афион. За: пченица, јачмен и пченка прифатливо е користење за исхрана на сопствени животни или продадено на земјоделско стопанство со регистрирано одгледувалиште на животни во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година. Договорот и финансовиот документ за извршена продажба да се достави во прилог на барањето.

 

Висина на поддршка:

-        Од 6.000 до 18.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување

 

1.2  Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади

Услови:

-        Одржувани површини со лозови насади на минимум површина од 0,5 ха или

-        Одржувани површини со овошни насади на минимум површина од 0,5 ха

-        Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач за винско и трпезно грозје и за следните овошни видови: јаболка, слива, цреша, праска, вишна, кајсија, круша, јапонско јаболко, калинка, лешник, бадем и орев

Висина на поддршка:

-        Од 12.000 до 42.000 ден/ха во зависност од видот со скалесто намалување

 

1.3  Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници

Услови:

-        Засеани и обрани градинарски култури на минимум површина од 0,3 ха збирно за сите култури

-        Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач

 

Висина на поддршка:

-        Од 12.000 до 30.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување

 

1.4  Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури во контролирани услови

Услови:

-        Произведени домати, пиперки и краставици во контролирани услови на минимум површина од 0,3 ха збирно за овие култури

-        Задолжително продадено одредена количина производство во период од 1 јануари до 15 мај 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        120.000 ден/ха

 

 

1.5  Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубре или угар во плодоред

Услови:

-        Обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во времетраење од една година

-        Минимална прифатлива површина 25% од вкупно пријавената површина збирно по подмерките 1.1 и 1.3

-        Спроведени пропишани агротехнички мерки

 

Висина на поддршка:

-        3.000 ден/ха

 

1.6  Директни плаќања за одржување на ливади

Услови:

-        Ливада која се користи за косење со минимум површина од 1 ха

-        Прифатлив број на животни на површина од 0,7 ха:1 говедо или копитар или 10 овци или 4 свињи

 

Висина на поддршка:

-        6.000 ден/ха

 

Директни плаќања по број на грла на добиток

1.7  Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци

Услови:

-        Одгледување на минимум 3 обележани женски грла на возраст од 18 до 180 месеци

-        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

-        Задолжително произведеното млеко да е продадено на регистриран откупувач или одгледаното говедо да е заклано во кланица или да се евидентирани или регистрирани како примарни производители во АХВ

 

Висина на поддршка:

-        8.000 ден/грло со скалесто намалување

 

1.8  Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци

Услови:

-        Одгледување на обележани женски грла на возраст од 6 до 18 месеци

-        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        3.000 ден/грло

 

1.9  Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци

Услови:

-        Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци

-        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

-        Задолжително произведено и продадено млеко најмалку 500 литри или заклани најмалку 30% јагниња во кланица од бројот на пријавените овци по оваа мерка

 

Висина на поддршка:

-        3.000 ден/грло

 

1.10         Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци

Услови:

-        Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци

-        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        3.000 ден/грло

 

1.11         Директни плаќања за женски приплодни грла свињи маторици

Услови:

-        Одгледување на минимум 10 женски приплодни грла свињи маторици

-        Задолжително чување до 30 ноември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        4.000 ден/грло

 

 

1.12         Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

Услови:

-        Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства

-        Задолжително одржување на пријавениот број до 30 септември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        600 ден/пчелно семејство

-        Дополнителни 200 ден/пчелно семејство при пријавени над 50 презимени пчелни семејства и исполнети дополнителни услови: да се евидентирани примарни производители  или да се одобрени оператори со храна во АХВ или пак имаат продадено мед во објектодобрен од АХВ

 

 

2.     Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства

 

2.1  Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)

Услови:

-        Поднесено барање за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади или одгледување на говеда, овци, кози, маторици или пчели

-        Парцелите се наоѓаат над 700 метри надморска висина

-        Одгледувалиштето на животни е регистрирано во населено место со надморска висина над 700 метри или со број на жители помал од 100

 

Висина на поддршка:

-        Дополнителни 15% од основната мерка

 

2.2  Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство

Услови:

-        Млад земјоделец

-        Регистриран земјоделец

 

Висина на поддршка:

-        Дополнителни 10% од основната мерка за млад земјоделец

-        Дополнителни 20% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување

-        Дополнителни 30% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за вршење земјоделска дејност (максимум 500.000 денари по корисник)

 

2.3  Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број на грла во основното стадо

Услови:

-        Поднесено барање за говеда, овци или кози во 2025 и 2026 година

-        Пријавен зголемен број на грла во 2026 во споредба со 2025 година

-        Прифатлив зголемен број на грла е максимум до 30%

 

Висина на поддршка:

-        Дополнителни 30% од основната мерка за зголемениот број

 

 

2.4  Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици

Услови:

-        Одгледување на регистрирани пчелни семејства

-        Носителот или членот на земјоделското стопанство е регистриран  одгледувач на пчелни матици во МЗШВ

 

Висина на поддршка:

-        2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици

 

2.5  Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед

Услови:

-        Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства

 

Висина на поддршка:

-        50% од трошоците направени еднаш во 2026 година

 

 

3.     Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство

 

3.1  Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година

Услови:

-        Договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година на регистриран откупувач

 

Висина на поддршка:

-        60 до 80 ден/кг во зависност од класата на тутунот

 

3.2  Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитет

Услови:

-        Да се корисници од мерката по површина за овошје и зеленчук

-        Да го предале овошјето (одредени видови) и зеленчукот (сите видови) во определен период

 

Висина на поддршка:

-        3 до 5 ден/кг во зависност од видот или периодот на предавање

 

3.3  Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок

Услови:

-        Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал

-        Да имаат произведено и сертифицирано семе во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

 

Висина на поддршка:

-        4 до 20 ден/кг во зависност од тоа дали семето е од прва генерација (Ц1), основен или предосновен материјал

 

 

3.4  Директни плаќања за производство на семенски материјал за тутун

Услови:

-        Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал

-        Да имаат произведено и сертифицирано семе од тутун од прва генерација во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

 

Висина на поддршка:

-        1.000 ден/кг

 

3.5  Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Услови:

-        Да имаат регистрирано одгледувалиште на говеда, овци или кози

-        Да продале млеко на регистрирани откупувачи во 2026 година

-        Минимална прифатлива количина 300 литри месечно

 

Висина на поддршка:

-        6 ден/литар за кравјо и  7 ден/литар за овчо и козко млеко

 

 

3.6  Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

Услови:

-        Да имаат одгледано и предадено или заклано говеда во период од мај 2025 до април 2026 година

-        Да се чувани на сопствено одгледувалиште најмалку 3 месеци пред колење

-        Закланите говеда да се навозраст од 8 до 24 месеци на денот на предавање во кланица, да имаат минимална тежина од 250 или 450 килограми во зависност од расата

 

Висина на поддршка:

-        4.500 до 6.000 ден/грло  во зависност од расата

 

 

3.7  Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет

Услови:

-        Да имаат одгледано и предадено или заклано најмалку 20 гоеници во период од мај 2025 до април 2026 година

-        Закланите гоеници да се со тежина над 90 килограми

 

Висина на поддршка:

-        1.000 ден/грло  со скалесто намалување

 

 

3.8  Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет

Услови:

-        Да имаат одгледано и предадено или заклано бројлери во период од октомври 2025 до септември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        80 ден/бројлер  со скалесто намалување

 

3.9  Директни плаќања за амортизирани несилки предадени или заклани во регистриран кланичен капацитет

Услови:

-        Да имаат одгледано и предадено или заклано амортизирани несилки во период од октомври 2025 до септември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        120 ден/несилка 

 

3.10                   Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди

Услови:

-        Да имаат одгледано и продадено еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2025 до септември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        10 ден/пиле 

 

4.     Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи

 

4.1  Директни плаќања за набавка на лозов и овошен

Услови:

-        Да имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство

-        Прифатлива посадена површина од 0,5 до 2 хектари

-        Прифатлив период на купување и садење од 1 ноември 2025 до 31 март 2026

-        Прифатлив број на садници најмалку 300 до 1.500 овошни садници/ха и најмалку 1.389 до 4.000 лозови садници/ха

 

Висина на поддршка:

-        35 ден/лозов калем и 40 ден/овошен садник

-        Максимален износ по корисник 240.000 денари

 

 

4.2  Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица

Услови:

-        Да се корисници за мерката по површина за градинарски култури

-        Да имаат купено од домашен пазар и посадено сертифициран хибриден посадочен материјалод пипер, домат и краставица

-        Прифатлив период на купување од 1 март до 30 август 2026 година сертифициран посадочен материјал кој е произведен во посебно утврдени услови

 

Висина на поддршка:

-        10 ден/растение купено по цена не пониска од 15 денари 

 

 

4.3  Директни плаќања за вештачко осеменување на женско говедо и добиено теле

Услови:

-        Да е извршено оплодување на крава/јуница по пат на вештачко осеменување и и добиено и регистрирано теле

 

Висина на поддршка:

-        2.000 ден/добиено теле

-        4.000 ден/добиено теле по пат на примена на полово преддефинирано семе 

 

5.     Мерки за поддршка на складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година

Услови:

-        Произведена и предадена на складирање кај регистриран откупувач пченица и јачмен во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година

-        Произведен и предаден на складирање кај регистриран откупувач ориз во период од 15 септември до 15 декември 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        Покривање на трошоци за складирање

 

6.     Мерки за директни плаќања за мали земјоделски стопанства

Корисници:

-        Земјоделски стопанства кои не ги исполнуваат условите за минимум прифатлива површина за 2026 година за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади, условите за минимален прифатлив број за 2026 година за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а поднеле барање и ги исполниле условите за овие намени во 2025 година, не земајќи ги во предвид намалувањата на минимумот за 50% за подрачјата со отежнати услови

 

Услови:

-        Исти како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло

 

 

Висина на поддршка:

-        Иста како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло говеда, кози, маторици и пчелни семејства

 

7.     Помош во премии и осигурување

Услови:

-        Осигурано земјоделско производство во период од август 2025 година до јули 2026 година

 

Висина на поддршка:

-        60% од вредноста на полисата

-        Максимален износ по корисник 150.000 денари

 

 

8.     Помош во сточарски сектор

Средствата од оваа мерка се наменети за покривање на на административни трошоци за воспоставување и одржување на маточно книговодство  и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството.

9.     Помош за заштита на земјоделско земјиште

Услови:

-        Извршена анализа на физичките и хемиските својства на почвата од страна на земјоделските стопанства преку агрохемиски или педолошки анализи направени во 2026

 

Висина на поддршка:

-        60% од вредноста на анализите

-        Максимален износ по корисник 12.000 денари

 

10.  Помош за поддршка на трошоци за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделски стопанства

 

Услови:

-        Мерката се реализира со доделување на персонализирани картички за секое земјоделско стопанство одделно

 

Висина на поддршка:

-        Од 3.200 до 12.000 ден/ха во зависност од културата

-        Пресметката на износот се прави одделно за секое земјоделско стопанство врз основа на големината на земјоделско земјиште и културата пријавена за директни плаќања во 2025 година.