Секторот за одобрување на плаќања е надлежен за спроведување на националната Програма за финансиска поддршка на руралниот развој, а по добивањето на акредитација од страна на Европската Унија ќе ги спроведува и мерките од ИПАРД оперативната програма 2007-2013 година.
Заради успешна реализација на горенаведените активности, секторот е одговорен за проверка на барањата за исплата, утврдување на комплетноста и соодветноста на доставената финансиска документација, анализа на резултатите од извршената контрола на лице место, донесувањето на одлука за исплата, како и надзор над проектот пет години по исплатата.