Одделение за управување со човечки ресурси

Одделението за управување со човечки ресурси извршува активности поврзани со вработување на висококвалитетни кадри, како и континуирано менаџирање на нивната надградба. Заради зголемување на ефикасноста на вработените во Агенцијата, одделението употребува современи насоки и методи кои се применуваат во подрачјето на управување со човечките ресурси. Одделението подготвува и проценки за минималната ангажираност на кадрите во АФПЗРР која ќе ги исполнува акредитационите критериуми.

Kaко особено значајни активности на одделението за човечки ресурси може да се издвојат следните:
  • спроведување на транспарентна постапката за вработување во Агенцијата
  • грижа за правата и обврските од склучениот работен однос на вработените во Агенцијата,
  • подготвување и спроведување на програмата за развој на човечките ресурси во Агенцијата,
  • идентификување на потребите и предлагање програми за обука на вработените во Агенцијата,
  • подготовка на месечните примања на државните службеници,
  • спроведување систем на оценување, планирање на кариера и мотивираност.