Собрани 30 метри кубни смет, суви лисја и гранки во дворот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството
Еко – акција за чистење на околината денеска спроведоа вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со помош на комуналните служби од општина Аеродром, во еко акцијата се расчистија сувите листови и гранки, а се исекоа и сувите дрвја во дворот на АФПЗРР. Во акцијата беа собрани околу 30 метри кубни смет, суви лисја и гранки.
„Оваа еко – акција е мал допринес на вработените во АФПЗРР, за разубавување на околината и намалување на загадувањето на животната средина и воздухот. Со оваа еко – акција сакаме да покажеме поголема општествена одговорност и грижа за животната средина.“
Заложбата за почиста и поздрава животна средина треба да биде приоритет за сите нас. Со грижа за животната средина може да обезбедиме услови за производство на „здрави“ и квалитетни земјоделски производи, како и развој на домашното производство на органска храна која е тренд и потреба во светот.