СООПШТЕНИЕ


Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски денеска во рамки на посетата на битолското село Граешница, се сретнаа со семејството Корчаревски.Земјоделецот Гани Корчари е еден од многуте успешни примери, којшто со помош на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата, инвестирал во производството, односно во набавка на современа механизација. Конкурирал за мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 програмата за набавка на трактор и механизација за ѓубриво, за што преку ИПАРД му се вратени 22.225 евра.