Врз основа на член 8 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18 и „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 190/19 и 134/26), а согласно дел II став 4 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година („Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 30/26, 64/26 и 225/26), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026
за избор на јавна високообразовна или научна установа за склучување договор изработка, верификација и ажурирање на методологија и нормативи за пресметка на стандардни трошоци (SUC) за инвестиции во земјоделството во рамките на ИПАРД Програмата
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Носител на постапката е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во натамошниот текст: Агенцијата). Со овој јавен повик се врши избор на јавна високообразовна или научна установа со која Агенцијата ќе склучи договор за соработка за работи од нејзина надлежност што бараат посебна стручност и мултидисциплинарен научно-стручен тим.
Право на учество има јавна наставно-научна, високообразовна или научна установа во подрачјето на земјоделските науки, со својство на правно лице, односно организациона единица што располага со соодветно овластување од правното лице во чиј состав работи.
II. ПРЕДМЕТ И ЦЕЛ НА СОРАБОТКАТА
Предмет на соработката е изработка на научно и стручно образложена методологија, преглед на нормативи по категории, пресметковни модели и почетни SUC-вредности за утврдување на стандардни трошоци за инвестиции во земјоделството, како и нивно периодично ажурирање, дополнување и стручно толкување.
Целта е воспоставување унифициран, проверлив, транспарентен и повторливо применлив систем за пресметка на стандардни трошоци при административната обработка на барањата за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата, со јасна ревизорска трага и можност за редовно усогласување со пазарните и техничките промени.
III. ОПФАТ НА КАТЕГОРИИТЕ
Методологијата и нормативите задолжително ги опфаќаат следните категории:
- Оградување на земјоделски површини и повеќегодишни насади;
- Лозова конструкција;
- Противградна заштита;
- Системи за наводнување;
- Подготовка на почва за подигање и одржување повеќегодишни насади.
За секоја категорија избраната установа треба да ги утврди опфатот и составот на целосната инвестиција, мерните единици и основата за пресметка, начинот на постапување со делумни инвестиции и постојни елементи, класификацијата на компонентите и трошоците, техничките варијанти, изворите и обработката на ценовните податоци, формулите за пресметка, како и правилата за ажурирање и следливост на нормативите.
IV. МИНИМАЛНИ МЕТОДОЛОШКИ БАРАЊА
1. Дефинирање на поимите и опфатот на секоја SUC-категорија, со јасно утврдување кои видови инвестиции, работи, опрема и компоненти се опфатени, а кои не се опфатени со категоријата.
2. Утврдување на основата и мерната единица за пресметка за секоја категорија, како метар, хектар, систем, работна операција или друга соодветна единица, вклучително и параметрите од кои зависи количината на потребните материјали, опрема и работи.
3. Дефинирање на составот на целосната инвестиција, односно на сите компоненти, материјали, опрема и работи што се потребни инвестицијата да биде целосна и функционална.
4. Утврдување правила за делумни инвестиции, односно начин на пресметка кога се набавува или изведува само дел од целосната инвестиција.
5. Класификација на компонентите и трошоците, со утврдување кои компоненти се вклучени во основниот норматив, кои се пресметуваат преку посебен норматив, кои не се опфатени со стандардниот трошок и за кои не може да се примени постоечки норматив, па е потребна посебна стручна пресметка.
6. Утврдување правила за алтернативни технички решенија, кога за иста функција може да се користат различни материјали, опрема или начини на изведба, како и правила за спречување двојно пресметување на ист трошок.
7. Утврдување на начинот на постапување со постојни елементи на инвестицијата, кога одредена компонента веќе постои, е функционална и не е предмет на набавка или финансирање, но е потребна за функционалноста на целата инвестиција.
8. Определување технички варијанти и подтипови на нормативите, со јасни критериуми кога различната техничка изведба, капацитет, материјал, димензија или услов на реализација има значително влијание врз трошокот и бара посебен норматив или посебна пресметка.
9. Утврдување на начинот на прибирање, споредување, проверка и документирање на пазарните и техничките податоци, со користење проверливи извори, како понуди, ценовници, каталози, официјални индекси, статистички податоци и други релевантни докази.
10. Утврдување на правилата за обработка на ценовните податоци и избор на репрезентативна вредност, вклучително и постапувањето со невообичаено високи или ниски цени, нецелосни податоци и разлики во техничките спецификации.
11. Утврдување на третманот на одделните трошочни елементи, вклучително и валутата, датумот и изворот на девизниот курс, ДДВ, транспортот, монтажата, работната рака и другите зависни трошоци, како и регионалните разлики, доколку се утврди дека имаат оправдано и значително влијание врз трошокот.
12. Дефинирање на пресметковниот модел, со јасно прикажани формули за утврдување на основната SUC-вредност и, кога е применливо, на вредностите или процентуалните удели на одделните компоненти во целосната инвестиција.
13. Дефинирање на постапката за проверка и ажурирање на SUC-цените пред релевантните јавни повици од ИПАРД Програмата, вклучително и изворите на податоци, датумот на проверка, критериумите за промена и начинот на образложување на ажурираната вредност.
14. Обезбедување следливост на нормативите и нивните измени, преку означување на верзијата, датумот на важност, користените извори, извршените пресметки и образложението за секое воведување, дополнување или менување на нормативот.
15. Дефинирање на постапката за нови или неопфатени ставки, кога определена инвестиција, компонента или работа по својата функција припаѓа во една од SUC-категориите, но за неа нема изработен или применлив норматив.
16. Изработка на практични пример-пресметки за целосни и делумни инвестиции во секоја од петте категории, вклучително и примери со алтернативни технички решенија и постојни функционални елементи.
V. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ И ДОКУМЕНТИ
Избраната установа е должна да ги изработи и достави следните резултати:
|
Бр. |
Резултат |
Минимална содржина |
|
1 |
Методологија за утврдување и ажурирање на стандардните трошоци |
Дефиниции и опфат на категориите, состав на целосни и делумни инвестиции, класификација на компонентите и трошоците, технички варијанти, извори и обработка на ценовните податоци, пресметковен модел, ажурирање и следливост на нормативите. |
|
2 |
Преглед на нормативите по категории |
Нормативи за оградување, лозова конструкција, противградна заштита, наводнување и подготовка на почва, со мерни единици, состав на инвестицијата, компоненти, технички услови, варијанти, пресметковни вредности и правила за примена. |
|
3 |
Пресметковен модел во уредлив електронски формат |
Excel-табели со јасно прикажани формули и практични примери за целосни и делумни инвестиции, постојни функционални елементи и алтернативни технички решенија, со контроли за спречување двојно пресметување на ист трошок. |
|
4 |
Прилог со извори и протокол за идно ажурирање |
Преглед на користените пазарни и технички извори, правила за обработка на ценовните податоци и избор на репрезентативна вредност, постапка за проверка, ажурирање и верзионирање на SUC-цените и образец за постапување со нови или неопфатени ставки. |
|
5 |
Конечен извештај, презентација и практично упатство |
Резиме на извршената работа, конечна листа на нормативи, ограничувања и препораки, практично упатство за примена и најмалку една презентација или работилница за вработените во Агенцијата. |
Сите документи се доставуваат во електронска форма, во уредлив Word и Excel формат, како и во потпишан PDF-формат. Користените формули, извори на податоци, начинот на обработка и избор на ценовните вредности, извршените пресметки и пример-пресметките мора да бидат јасно прикажани и проверливи.
VI. ПЛАН ЗА РАБОТА, РОКОВИ И ДИНАМИКА
Избраната установа доставува план за работа со методолошки пристап, извори на податоци, временска динамика, во рок од 60 работни дена од денот на склучувањето на договорот.
Нацрт-резултатите се доставуваат во рок од 60 календарски дена од денот на склучувањето на договорот. Конечните резултати, усогласени по забелешките на Агенцијата, се доставуваат најдоцна во рок од 30 календарски дена од денот на доставување на забелешките дадени по нацрт-резултетите.
VII. АЖУРИРАЊЕ НА SUC-ЦЕНИТЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАДАЧИ ПО УЧИНОК
За време на важноста на договорот, избраната установа е должна, по писмено барање на Агенцијата, пред објавување на секој јавен повик од ИПАРД Програмата во кој се применуваат предметните SUC-категории, да изврши проверка и ажурирање на релевантните цени и да достави потпишан извештај со користените извори, датумот на прибирање и проверка на податоците, начинот на обработка и избор на репрезентативната вредност, извршените пресметки и образложението на промените.
Кога во конкретна понуда или инвестиција ќе се појави ставка што по својата функција припаѓа во една од SUC-категориите, а за неа нема изработен или применлив норматив, Агенцијата може да побара стручно мислење за нејзината класификација и за применливоста на постоечки норматив, посебна стручна пресметка или изработка на нов, дополнет или изменет норматив со образложена пресметка.
Дополнителните задачи се нарачуваат исклучиво со писмен налог и се плаќаат по извршен и писмено прифатен учинок, според единечните цени од финансиската понуда. За ист предмет не може да се наплатат две услуги со ист или преклопен опфат.
VIII. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МАКСИМАЛЕН ИЗНОС
Договорот се склучува за период од 12 месеци, односно до исцрпување на максималниот договорен износ, во зависност од тоа што ќе настапи порано.
Максималниот вкупен износ на договорот изнесува 1.000.000,00 денари, со вклучени сите зависни трошоци и ДДВ, доколку е применлив.
- Учесникот доставува посебна цена за основната услуга и единечни цени за ажурирањата и дополнителните задачи;
- Вкупната вредност на основната услуга и сите писмено нарачани дополнителни задачи не смее да го надмине максималниот договорен износ;
- Агенцијата не гарантира дека ќе го искористи целиот максимален износ и нема обврска да нарача минимална количина дополнителни услуги;
- Плаќањето се врши по писмено прифатени резултати и согласно условите утврдени во договорот.
IX. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
- Да е јавна наставно-научна, високообразовна или научна установа во подрачјето на земјоделските науки;
- Да поседува искуство во изготвување инвестициони програми, бизнис-планови, анализа на пазар, утврдување цена на чинење, физибилити студии и други анализи во подрачјето на земјоделството;
- Да располага со организациски, технички и кадровски капацитет за навремено и квалитетно извршување;
- Да нема конфликт на интереси во однос на предметот и постапките на Агенцијата;
- Да назначи одговорен раководител на проектот.
- Установата треба да има вработено во редовен работен однос најмалку:
- четири доктори на науки од научната област економика на земјоделството;
- два доктори на науки од научната област педологија;
- еден доктор на науки од научната област наводнување;
- еден доктор на науки од научната област градинарство;
- еден доктор на науки од научната област лозарство;
- еден доктор на науки од научната област овоштарство;
- еден доктор на науки од научната област механизација на земјоделското производство.
Секој предложен експерт треба да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област и да достави доказ за избор во соодветната научна област и професионална биографија.
X. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Пополнета и потпишана пријава за учество - Прилог 1;
- Доказ за основање, статус и јавен карактер на установата и овластување за поднесување на пријавата;
- Тековна состојба или друг соодветен доказ за регистрација, не постар од шест месеци, доколку е применливо;
- Список на релевантни изработени инвестициони програми, бизнис-планови, анализи на пазар, пресметки на цена на чинење, физибилити студии и други анализи, со краток опис, нарачател и година;
- Список на предложени експерти, нивната улога и расположливост;
- Доказ за редовен работен однос на предложените експерти;
- Одлуки или уверенија за избор во соодветната научна област и CV за секој предложен експерт;
- Технички предлог и план за работа - Прилог 2;
- Финансиски предлог - Прилог 3;
- Изјави за точност на податоците, непостоење конфликт на интереси, доверливост и права на користење - Прилог 4.
XI. ПРОВЕРКА НА ПРИЈАВИТЕ И ИЗБОР
Најпрво се проверуваат навременоста, комплетноста и исполнувањето на задолжителните услови. Пријавите што се ненавремени, некомплетни или не ги исполнуваат задолжителните услови нема да бидат предмет на понатамошно разгледување.
Критериум за избор и начинот на неговата примена ќе биде цената, односно пријавата со најниска цена ќе има предност пред останатите.
XII. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавите ги разгледува комисија формирана со акт на директорот на Агенцијата.
Комисијата ја спроведува проверката и изборот согласно правилата утврдени во овој јавен повик и важечките прописи.
XIII. НАЧИН И РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ
Пријавите се доставуваат во затворен коверт до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на адреса Бул.3-та Мкедонска Бригада бр.20 ,
1000 Скопје Република Северна Македонија, или директно во архивата на Агенцијата, со назнака:
„НЕ ОТВОРАЈ - Јавен повик бр. 01/2026 за SUC методологија и нормативи“
На задната страна од ковертот се наведуваат називот и адресата на подносителот. Кон пријавата се доставува и електронска копија на документацијата на USB-медиум, во PDF, Word и Excel формат, согласно природата на документот.
Рокот за доставување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
XIV. ДОГОВОР, КОНТРОЛА И ПРИФАЌАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ
- Со избраната установа се склучува договор за соработка со детален предмет, рокови, фази, цени, максимален износ и начин на нарачување на дополнителните задачи;
- Агенцијата го следи извршувањето и може да бара образложени корекции на доставените резултати;
- Секој резултат се смета за прифатен само по писмена потврда од овластени претставници или работна група на Агенцијата;
- Неисполнување на договорните обврски, непоткрепени пресметки или повреда на доверливоста се уредуваат во договорот согласно важечките прописи.
XV. ПРАВА НА КОРИСТЕЊЕ, ДОВЕРЛИВОСТ И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Начинот и обемот на користење, умножување, приспособување и објавување на методологијата, нормативите, табелите, формулите, извештаите и другите резултати од страна на Агенцијата ќе бидат прецизно уредени со договорот.
Избраната установа и членовите на тимот се должни да ги чуваат како доверливи сите непублични податоци, понуди, пресметки и предмети до кои ќе имаат пристап и да постапуваат согласно правилата за спречување судир на интереси.
XVI. ИНФОРМИРАЊЕ И КОНТАКТ
Прашањата во врска со содржината на повикот се доставуваат на е-пошта: zarko.kocevski@ipardpa.gov.mk најдоцна 5 дена пред истекот на рокот за поднесување на пријавите.
Контакт лице: Жарко Коцевски
Телефон: 072/304-546
Е-пошта: zarko.kocevski@ipardpa.gov.mk
ДИРЕКТОР
Даниела Иротова Лазарева
ПРИЛОГ 1 - ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
|
Податок |
Содржина |
|
Назив на установата |
|
|
Седиште и адреса |
|
|
Матичен број / даночен број |
|
|
Законски застапник |
|
|
Одговорно лице за пријавата |
|
|
Телефон и е-пошта |
|
|
Организациона единица / факултет |
|
|
Раководител на проектот |
|
Изјавуваме дека приложените податоци се точни и дека сме согласни Агенцијата да ја провери нивната веродостојност.
Место и датум: ____________________
Законски застапник: ____________________
Потпис и печат: ____________________
ПРИЛОГ 2 - СОДРЖИНА НА ТЕХНИЧКИОТ ПРЕДЛОГ
1. Разбирање на целта и предметот на задачата;
2. Предложена методологија за прибирање, споредување, проверка, документирање и обработка на пазарните и техничките податоци;
3. Предложен модел за составот на целосни и делумни инвестиции, класификација на компонентите и трошоците, постојни елементи и технички варијанти;
4. Пресметковен модел, метод за ажурирање и следливост на нормативите и постапување со нови или неопфатени ставки;
5. План на активности и предложена динамика;
6. Организација на тимот, улоги, одговорности и расположливост;
7. Механизам за внатрешна контрола на квалитет;
8. Формати на резултатите и предлог за пренос на знаење кон Агенцијата.
Овластено лице: ____________________
Потпис и печат: ____________________
ПРИЛОГ 3 - ФИНАНСИСКИ ПРЕДЛОГ
Сите цени се изразуваат во денари, со вклучени сите зависни трошоци и ДДВ, доколку е применлив.
|
Шифра |
Опис |
Единица |
Единечна цена без ДДВ |
Цена со ДДВ |
|
A1 |
Основна услуга: методологија, нормативи за пет категории, Excel-модел, финален извештај и работилница |
паушал |
|
|
|
B1 |
Целосно ажурирање на цените за сите пет категории пред јавен повик |
ажурирање |
|
|
|
B2 |
Ажурирање на цените за една категорија |
категорија |
|
|
|
B3 |
Стручно мислење за класификација на нова или неопфатена ставка и применливост на постоечки норматив |
мислење |
|
|
|
B4 |
Изработка на посебна стручна пресметка или нов, дополнет или изменет норматив за една ставка или компонента |
норматив |
|
|
|
B5 |
Дополнителна работилница или презентација |
настан |
|
|
Цените за дополнителните задачи се наведуваат посебно. Вкупниот договорен износ не може да надмине 1.000.000,00 денари.
Овластено лице: ____________________
Потпис и печат: ____________________
ПРИЛОГ 4 – ИЗЈАВИ
Вб
1. Изјава за точност и автентичност на доставените податоци и документи;
2. Изјава за непостоење конфликт на интереси;
3. Изјава за доверливост и заштита на непубличните податоци;
4. Изјава за прифаќање на условите за користење на резултатите што ќе бидат утврдени со договорот;
5. Изјава за расположливост на предложениот тим во договорените рокови;
6. Изјава за недозволување двојно финансирање на истите резултати.
Место и датум: ____________________
Законски застапник: ____________________
Потпис и печат: ____________________