Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, присуствуваше во Белград на официјалното отворање на меѓународниот саем на вино, храна и ракија „Wine Vision by Open Balkan“. Манифестацијата се одржува од 10 до 12 октомври, и на истата учествуваат над 550 изложувачи од повеќе од 30 земји, меѓу кои и над 80 од Македонија.


