Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува лозарите дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за произведено и предадено винско грозје од реколта 2017 година и ќе трае до 25 декември 2017 година.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2017 година го предале во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.
Со поддршката се опфатени и земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2017 година го искористиле за потребите на сопствените регистрирани капацитети за производство на вино во Република Македонија.
Висината на поддршката е 2 денари по килограм.
Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Во прилог на барањето се доставува потврда за откупени количини. Образецот на потврдата може да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.
Потсетуваме дека до 25 декември 2017 година се поднесуваат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети.