СООПШТЕНИЕ


Со пари од Програмата за рурален развој за прв пат граѓаните од општина Чашка добиваат асфалтирани улици


Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и неговиот заменик Авдул Селам Селами, денеска направија увид на почетокот на градежните активности на улица Кочо Рацин. Станува збор за асфалитирање на пет краци од оваа улица како и изградба на атмосферска канализација.

Проектот се реализира преку преку Програмата за рурален развој, вкупната сума на овој проект изнесува 15,1 милион денари. Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски истака дека овие проекти се од клучно значење на граѓаните затоа што се обезбедуваат квалитетни услови за живот и се подобрува инфраструктурата.

„Од денеска почнува да се реализира проектот во општина Чашка. Овој проект е важен затоа што 40 отсто од населението на оваа општина живее токму во овој дел од општината. Освен овој проект кои тежи 15,1 милион денари во нашата општина ќе се реализира и уште еден проект а тоа е изградба на лоакален пат со поврзување на село Буслици и Војница со регионалниот пат Велес – Прилеп кој изнесува близу 20 милиони денари. Тој со градба ќе го почнеме веќе од наредната недела“ – истакна градоналчалникот Стојановски.

Директорот на АФПЗРР, Нкилоче Бабовски, истакна дека овој проект е важен затоа што граѓаните освен пат ќе добијат и заштита од атмосфреската вода а со тоа и од можни поплави.

„ Во овој дел од Република Северна Македонија преку двата проекти кои ќе се реалиизраат се инвестираат вкупно 35,1 милион денари. Овој е историски проект бидејќи прв пат во 21- ви век на овие улици кои беа земјани и полни со кал се поставува асфалт и атмосферска канализација. Се решава за жал, егзистенцијален проблем во овој дел од земјава.“ – истакна Бабовски.

Преку средства од Програмата за рурален развој низ целата држава веќе се почнати со реализација 200 проекти во сите општини и со вкупна вредност од 38 милиони евра. Само со создавање на квалитетни услови за живот, може да влијаеме врз намалување на одливот на младите, односно преку мерките и политиките кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија се мотивираат граѓаните да создаваат сопствени бизниси и да ги развиваат малите рурални средини а со тоа и да отвораат работни места и во помалите општини.