СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ИСПЛАЌААТ НА СИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ


Реакција на денешниот прес на дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски


Денешното присуство на дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, уште еднаш покажа дека во оваа институција работат вредни и професионални работници кои своите работни задачи ги извршуваат професионално и исклучиво согласно Законите.

При обработката на предметите, Агенцијата ги користи сите законски можности за да им се помогне на барателите да го остварат правото за финансиска поддршка. Во сите случаи каде има индиции за злоупотреба на субвенциите Агенцијата постапува согласно Законите.

Секој предмет без разлика кој и да ургира или да прашува за него а согласно Законот, не ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка, не може да биде исплатен и незаконски да се стекне со субвенции и да троши народни пари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, и понатаму го продолжува принципот на неселективна исплата по одредена мерка. На сите кои што се стекнале со право и ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, парите им се исплаќаат во еден ден и без никаква селекција, ете тој е принципот на работа на овој менаџмент. Нема поделба на земјоделците, парите за субвенции на сите кои ги исполните условите ги исплаќавме и ќе продолжиме да ги исплаќаме во време кога средствата им се најпотребни.