Соопштение

 
 

На ден 02.04.2018 година Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одржа средба со градоначалниците на единиците на локалната самоуправа со цел да се запознаат со Програмата за финансиска поддршка на рураланиот развој за 2018 година.

На средбата се презентираа трите мерки од Програмата за рурален развој за 2018 година наменети за општините, кои се од исклучително значење за подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните средини во Република Македонија.

Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година нуди повеќе инвестиции поделени во три основни мерки: „Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини“, „Обнова и развој на селата“, и „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“. Сите овие мерки се наменети за разни капитални инвестиции во рурална инфраструктура и инвестиции во јавна социјална инфраструктура.

Согласно европскиот пристап, политиката за рурален развој ги содржи сите елементи на модерна државна интервенција, која вклучува модернизација и структурно прилагодување на земјоделско-прехрамбениот сектор и поттикнување на економски активности за зачувување на природните, културните и развојните вредности на руралните подрачја. Предвидени се капитални инвестиции во рурална инфраструктура и во насока на решавање на приоритетните комунални проблеми на жителите во руралните средини, како и државни инвестиции за изградба на јавна социјална инфраструктура како што се клубови за млади и стари и културни центри. Со реализација на овој тип на инвестиции ќе се обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура во и вон руралните населени места, со единствена цел подобрување на условите за живот на граѓаните и позитивно влијание на развојот на економските активности“, истакна министерот Николовски.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов презентираше неколку кои се однесуваат на потребата од обезбедување на поголеми средства и поголема транспарентност на постапките, и кои се однесуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Дел од барањата беа во насока на забрзување на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно пред државните институции, особено кога тоа придонесува за економски развој на руралните општини, како и зголемување на финансиските средства на општините, пред се на руралните општини, во делот на средства од продажба на земјоделското државно земјиште

Директорот г-дин Николче Бабовски, посочи дека неповратната финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата.

Бабовски посочи дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините „Рурална јавна инфраструктура во вкупно 12 милиони евра на располагање и со 100 отсто на финансирање на проектите на општините. Мерката ќе биде достапна од 2019 година.