СООПШТЕНИЕ

Одобрени рекордни 103 апликанти - Мерка “набавка на приплоден добиток” во вкупна вредност од 253 милиони денари


Денес во просториите на Клуб на пратеници се доделија договорите за финансиска поддршка за набавка на педигриран добиток.
На настанот присуствуваа министерот за земјоделство ,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски , директорот на АФПЗРР Никица Бачовски и заменик – директорот на АФПЗРР Ремзи Абдулахи.
Директорот Бачовски посочии дека станува збор за одобрени апликации од предходно објавен јавен повик кој заврши во Јули 2021 година на кој беа одобрени 103 корисници со вкупна финансиска поддршка од над 250 милиони денари.
“ Со оваа финансиска поддршка се очекува да се набават 2727 , 1056 овци и 50 кози од високо квалитетни раси кои се увезуваат од Централна и Западна Европа. Со ваквата набавка значително ќе се подобри генетскиот потенцијал во македонското сточарство каде може да очекуваме поголеми приноси на млеко и домашно производство на квалитетно месо.” - истакна Бачовски .
Максималната вредност на прифатливи трошоци е 6,5 милиони денари по корисник, а корисниците кои потпишаа договори ќе добијат финасиска поддршка од 50% - 75% од вкупната инвестиција.